Нема веќе трте мрте: Европската Унија ќе го „регулира” и тетовирањето

Европската Унија има намера да остави свој белег во светот на тетоважите преку воведување прописи за тоа што може да се користи за трајно боење на човечкото тело.

Додека повеќето луѓе кои сакаат тетоважи се грижат за квалитетот на дизајнот и колку ќе ги боли, Европската комисија е загрижена за можните здравствени ефекти, пишува „Политико“.

Од друга страна, студиите кои се занимаваат со последиците по здравјето не се усогласени по тоа прашање. Иако некои супстанции во мастилото за тетоважа може да се покажат како канцерогени, во моментов не постојат студии кои ја покажуваат врската помеѓу тетоважата и ракот.

 
 

Минатата година Европската комисија побара од ЕЦХА да ги испита супстанциите во мастилата кои се користат за тетоважа и да утврдат колку е безбедно да се инјектираат под кожата. Научниот комитет на оваа организација ќе испрати предлози до Комисијата оваа година, која потоа ќе одлучи дали да ги усвои.

Сега околу 12 отсто од граѓаните на ЕУ имаат тетоважи, додека во 2003 година тој изнесуваше 5 отсто.

  
 

(35)

loading...

Вашиот коментар