Ново истражување открило дека канабисот го продолжува животот на заболените од рак до 3 пати

Голема студија во Велика Британија покажала дека канабидиолот (CBD), главната состојка во канабисот, може да помогне во третманот на заболените од рак на панкреас, да им ги намали симптомите, како и да им го продолжи животот до три пати.

Истражувачите од Универзитетот Квин Мери во Лондон го спровеле ова истражување на глувци. Тие утврдиле дека глувците живееле подолго откако им се давал канабидиол покрај хемотерапијата.

 
 

Имено, канабидиолот не содржи психоактивни состојки како марихуаната, па затоа и сè почесто се препорачува при третирање на одредени болести. Авторот на оваа студија, професорот Марко Фаласк, открива дека станува збор за неверојатни резултати.

„Откривме дека глувците со рак на панкреас живеат и до три пати подолго ако нивната хемотерапија вклучува и канабис“, вели тој.

  
 

Со оглед на тоа дека канабидиолот е одобрен за медицинска употреба во клиниките на Велика Британија, тие ќе ја продолжат оваа студија на луѓе. Сепак, останатите професори предупредуваат на внимание при истражувањето, затоа што се случува глувците да имаат различен одговор на одредени лекарства во однос на луѓето.

„И покрај тоа што станува збор за глувци, оваа откритие може да се смета за прелиминарен доказ за продолжување на животниот век, иако пожелно е да се потврди и со повеќе модалитети на ракот на панкреас“, објаснува Дороти Бенер, од Универзитетот Сент Џорџ.

Докторите напоменуваат дека 20% од заболените од рак на панкреас преживуваат една година од дијагнозата, а само 7% живеат и до пет години. Тоа се случува затоа што симптомите се многу обични и се манифестираат во облик на болка во стомакот и губење тежина – никому не би му паднало на памет дека станува збор за рак со овие секојдневни маки. Затоа и се чека долго до дијагноза, кога ракот веќе е во многу напредна фаза.

Сепак повеќе студии досега утврдиле дека канабисот се бори со ракот така што ги убива клетките на туморот и го спречува нивното делење. Ова делува како добар пат за наоѓање поефикасен начин за справување со ужасната болест.

(95)

loading...

Вашиот коментар