Норвежаните повторно го воодушевуваат светот: Погледнете го неверојатниот проект за автопат кој ќе чини 43 милијарди долари

Западниот брег на Норвешка го одзема здивот благодарение на природните убавини. Обликуван од глечерите, а некои од популарните Фјордови се простираат на должина и од 200 километри.

Поради комплексноста на теренот, високите Фјордови и морето, за да се стигне до одредени делови од западниот брег на оваа скандинавска земја мора да напарави цел круг и да се вози и над илјада километри, што во просек на норвешките граѓани и туристите им одзема околу 21 час возење и менување на дури седум траекти.

 
 

Не само поради „големото заобиколување“, туку и поради емисијата на штетни гасови, од норвешката влада одлучија да го решат проблемот и неодамна го претставија најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа земја – автопатот „Е39“.

Новиот автопат „Е39“ ќе минува од Кристијансанд на југот на земјата до Трондхајм на северот. Новата рута на многу подобар начин ќе го поврзува регионот – ќе се градат нови мостови и тунели под Фјордовите и под нивото на морето. Поради комплексноста на теренот, проектот вклучува дури и изградба на пловечки подводни тунели.

  
 

(99)

loading...

Вашиот коментар