ОАЕ ги испраќаат првите астронаути во вселената

Обединетите арапски емирати ги избраа своите први астронаути кои ќе заминат на мисија на Меѓународната вселенска станица, објави шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Првите двајца астронаути од Персискиот Залив кои ќе заминат во вселената на меѓународната вселенска станица се Хаза ал Мансури (34) и Султан ал Најади (37).

 
 

Пишувајќи на Твитер, шеикот Мохамед рече дека дуото „подигнува амбиции за идните генерации на Емирати”.

ОАЕ се многу амбициозни во однос на вселенската програма. Тие во октомври од Јапонија планираат да го лансираат првиот сопствен сателит „Калифасат“, а најавуваат дека ќе учествуваат и во колонизација на Марс.

  
 

(9)

loading...

Вашиот коментар