Ова ќе биде највисокиот облакодер во светот со 87 катови кои ротираат (ВИДЕО)

Највисокиот облакодер во Европа, Лахта центар, кој се наоѓа недалеку од рускиот град Санкт Петербург, наскоро ќе биде завршен.

Оваа зграда не е подигната во самиот центар затоа што граѓаните се бунеле дека ќе го расипе изгледот на градот кој е под заштита на УНЕСКО.

 
 

Облакодерот има неверојатен поглд на Финскиот залив, а висок е 462 метри, што го прави супервисока зграда. Градбата воедно е и најсеверниот облакодер од тој вид, вели градежната компанија која го изведува, а пишува CNN.

Кулата ќе има 87 ката кои ќе се ротираат околу оската, што воедно, е највисок таков облакодер во светот и претставува голем подвиг кога е дизајнот во прашање.

  
 

Ќе се состои од резиденцијален и комерцијален дел на восчина од 360 метри, а над тоа ќе биде панорамско плато и ресторан.

Пред Лахта центарот, како што ќе се вика зградата, титулата највисок облакодер во светот го носеше зграда во Москва, која е завршена во 2017. година и е висок 374 метри. Москва има пет највисоки згради во Европа, а исклучок е облакодерот Шард во Лондон кој има 310 метри и во 2012. година на кратко била највисоката зграда во Европа.

Лахта центарот започнал да се гради во 2012. гдоина, а во него ќе биде сместена управат анар ускиот енергетски гигант Гаспром.

Шефот на проектот, Филип Никандров, главен архитект на компанија која го води целиот проект, вели дека екстериерот на зградата ќе биде готов до крајот ан летото, а на интериерот ќе се работи и следната година.

– Канцелариите ќе заземаат третина од зградата, а другата третина ќе бидат теретани, трговски центар, болница и музеј на наука со планетариум. Ќе има секако и станови, вели Никандров и додава дека зградата ќе штеди енергија и дека поради тоа се вклопува во еколошките стандарди за градење.

Темелите се длабоки 82 метри со што влегуваат во Гинисовата книга на рекорди. При врвот на зградата ветровите можат да достигнат брзина од 130 километри на час па конструкцијата е стабилизирана со 15 столбови кои служат да го намалат оптеретувањето во центарот на градбата.

Фасадата е направена од 16.500 индивидуални стаклени плочи кои се осмислени така што нема да се губи топлината. Зградата ќе има и систем за прочистување на отпадни води.

Покрај се ќе има и три јавни плоштади, амфитеатар за различни случувања, фонтани и шетачишта, а ќе биде и 13. по ред највисока зграда во светот, јавува CNN.

(45)

loading...

Вашиот коментар