Од кратер во Јакутија извадено тримесечно коњче кое живеело пред 40.000 години

Тримесечен коњ кој живеел пред 40.000 години е откриен во мистериозната депресија Батагај во рускиот регион Јакутија, наречена “Портал кон подземјето”.

Североисточниот федерален универзитет во Јакутск ја објави првата фотографија од единственото откритие, кое беше направено заедно со научници од Универзитетот Киндаи во Јапонија, заедно со екипа од Фуџи ТВ.

 
 

Коњот бил откопан во совршена состојба со својата грива, опашка и коса добро зачувани, бидејќи биле заробени во мраз од 30.000- 40.000 години, велат научниците.

-Откритието може да им помогне на научниците да дознаат повеќе за животната средина од времето кога живеело ждребето – рече Семен Григоријев, шефот на Музејот на мамутите во Јакутск.

  
 

Ова е прво откритие во светот на предисториски коњ со такво ниво на зачуваност и на толкава млада возраст.

Кратерот Батагај во областа Верхојанск во Јакутија ги збуни научниците, а природата на мистериозната област со невообичаен облик се уште е прашање на дискусија. Античкиот кратер сѐ уште расте и во близина се појавуваат чудни звуци, поради што местото го добила својот прекар.

(548)

loading...

Вашиот коментар