Од рибиното масло имаш ќар само ако го продаваш

Доказите дека омега-3 рибино масло суплементите се лесен и ефикасен начин за заштита на вашето срце во најдобар случај се климави, барем ако се научниците за слушање.

Заклучокот се базира на ревизија на испитувањата на над 100.000 луѓе, според која значителен бенефит од користењето на рибино масло за здравјето на срцето имало кај 1 во 1000 случаи.

 
 

Наспроти суплементите, јадењето на масни риби (сардини, туна, лосос…) и понатаму се препорачува да биде дел од здрава диета. Препораката на британскиот здравствен систем е дека луѓето треба да јадат две порции риба неделно, од кои една треба да биде масна риба.

Рецензијата на испитувањата ја спроведува Кокрејн колаборејшн, британска непрофитна и невладина организација формирана со цел „проверка на медицинските истражувања за на јавноста да и се презентира избор базиран на факти“. Според главниот автор на студијата, др. Ли Хупер од Универзитетот на Источна Англија:

  
 

„Анализата обезбедува добри докази дека земањето на омега-3 суплементи нема корист за здравјето на срцето, ниту го намалува ризикот од удар или смрт од која било причина.“

Друга препорака од кардиолозите околу користењето суплементи на рибино масло, од кардиоваскуларни побуди, е истите пари да бидат потрошени на зеленчук.

(57)

loading...

Вашиот коментар