Паметни контејнери за почисто Скопје

Град Скопје има нова идеја како да се справи со ѓубрето во градот. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави дека градот ќе купува нови паметни контејнери. Заедно со контејнерите градот ќе купи и нови камиони за празнење.

Контејнерите доаѓаат со чипови и ќе покажуваат колку се полни. Ова би требало да обезбеди редовно празнење на контејнерите, нешто што не е случај во Скопје. Г. Шилегов смета дека на Скопје му се потребни 7000 контејнери за смет. Во моментов во градот има само 4500 контејнери, што ако е точна процената на градоначалникот е премалку.

 
 

„Наскоро ја почнуваме постапката на смарт сити. Во тој систем ќе бидат вклучени и новиот вид на контејнери. Во тендерската документација ќе бараме во нив да има слотови во кои ќе бидат ставени чипови кои ќе покажуваат кој контејнер до кое ниво е полн. Врз основа на тие податоци ќе се прави и рутата на камионите за собирање на отпадот. Нема да биде како досега кога на одредена улица камион минува два пати неделно, туку ЈП „Комунална хигиена“ ќе го собира ѓубрето по потреба.

За набавка на нови контејнери градот ќе оддели 40 милиони денари, и дополнителни 24 милиони денари за камиони. Засега е непознато колку контејнери градот се надева дека ќе му бидат понудени на тендерот.

  
 

Проблемот со недостаток на контејнери секако е присутен, но како што покажаа од #НеБидиЃубре тоа не оправдување. Иницијативата која ја започна актерката Ирена Ристиќ собира се повеќе граѓани кои во недостаток на ангажман од градските власти сами си ја чистат околината. #НеБидиЃубре започна во Скопје, но веќе е проширено и во другите градови.

(16)

loading...

Вашиот коментар