„Патник низ времето“ кој вели дека доаѓа од 6491 година го помина тестот на детекторот за лаги

Човек кој тврди дека доаѓа од 6491 го помина тестот за лаги со точни (барем така вели детекторот) одговори на сите прашања. Иако човекот зборува со британски акцент, сепак тој вели дека неговата временска машина е расипана и тој доаѓа од иднината.

Станува збор за Џејмс Оливер (не готвачот Џејми Оливер, туку Џејмс), кој со неговото тврдење излезе на YouTube каналот ApexTV, каде за него беше организиран тест за утврдување дали тој ја кажува вистината или не.

 
 

Оливер зборува со бирмингемски акцент и вели дека неговата временска машина се расипала, па затоа тој е заглавен во 2018 година и не може да се врати во неговото време. Тој дури вели дека не доаѓа од Земјата, туку од планета која е повеќе оддалечена од Сонцето, па затоа неговите години се „различни“ од нашите.

„Во моето време голем број математичари работат деноноќно за да ја откријат врската помеѓу начинот на кој вие го сметате времето и начинот на кој ние го сметаме. Со овие пресметки, јас доаѓам од годината која по вашиот календар е позната како 6491“, вели Оливер.

  
 

Временскиот патник тврди дека глобалното затоплување ќе ѝ предизвика голема штета на Земјата и дека како резултат на тоа оваа планета ќе станува потопла и потопла.

„Самата дефиниција за ‘вонземјанин’ е дека тоа е нешто кое не е од твојата планета. Па според таа логика, јас во моментов се сретнувам со вонземјани. Дури имам и некои пријатели кои можат да бидат опишани како вонземјани, и сите тие се многу љубезни и добри. Не треба да гледате попреку на некој кој не е од вашата планета“, додава Оливер.

Сепак, видеото кое е објавено на каналот ApexTV е многу сомнително, бидејќи нема ниту еден конкретен доказ дека се работи за вистински човек. Лицето на испитаникот и испитувачот се заматени, а може да се види и сомнително монтирање на самата содржина.

(249)

loading...

Вашиот коментар