Персеидите се враќаат: Што треба да знаете за метеорскиот дожд?

За љубителите на астрономијата, средината на август значи враќање на метеорскиот дожд Персеиди. Ова е најдобрата шанса за небесно шоу бидејќи Персеидите се познати по драматичните метеори, па дури и огнените топки.

Метеорскиот дожд Персеиди започнува на крајот на јули и трае до средината на август, но оваа година се очекува да биде најинтензивен во недела навечер на 12-ти август, до утринските часови во понеделник на 13-ти август.

 
 

Бидејќи Персеидите се појавуваат во текот на летото во северната хемисфера, оние коишто живеат северно од екваторот нема да имаат можност да го набљудуваат неверојатниот спектакл. Додека некои метеори ќе бидат видливи и во 22 часот, најдоброто време за набљудување е помеѓу 2 и 5 часот наутро. Експертите препорачуваат да се тргнете што е можно повеќе од градското светло и да го направите опкружувањето што е можно потемно за да забележите по 60, па дури и 70 метеори на час.

Персеидите се враќаат: Што треба да знаете за метеорскиот дожд?

  
 

Па, дали има најдобро место кон коешто би требало да го фокусирате погледот? Почетната точка на дождот е соѕвездието Персеј. Како и другите метеорски дождови како Леониди или Ориониди, овој годишен феномен го добива своето име од соѕвездието од коешто потекнува. Но не мора да гледате во Персеј за да ги забележите метеорите. Најдобро е да не се фокусирате на една точка и да го набљудувате целото небо.

Персеидите се враќаат: Што треба да знаете за метеорскиот дожд?

Иако го имаат неговото име, метеорите не доаѓаат од ѕвездите на Персеј кои се оддалечени стотици светлосни години. Метеорските дождови се создаваат кога орбитата на Земјата околу сонцето се пресекува со патот на орбитата на комета. Отпадот од опашката на кометата се судира со нашата атмосфера и согорува кога влегува во неа.

Кометата чија опашка ги создава Персеидите е наречена 109P/Swift-Tuttle и е крстена по американските астронаути Луис Свифт и Хорас Татл кои ја откриле во 1862-ра година. Три години подоцна, италијанскиот астронаут Џовани Скиаперели ја идентификувал кометата како извор на Персеидите.

Персеидите се враќаат: Што треба да знаете за метеорскиот дожд?

Кометата прави орбита околу сонцето на секои 133 години, но Земјата сè уште минува низ отпадот што го оставила зад неа. Нејзината последна посета до внатрешниот сончев систем била во 1992-ра година. Следното враќање веројатно нема да го види никој што е жив денес бидејќи е во 2126-та година.

(9)

loading...

Вашиот коментар