Пет нерешени мистерии за диносаурусите

Можеме многу да научиме од фосилните остатоци од диносаурусите, но вистински предизвик е да сфатиме како тие се однесувале. SciShow во ова интересно видео разгледува пет нерешени мистерии за диносаурусите.

Научниците имаат неколку теории за нивното истребување, од удар од метеор до вулкански ерупции и климатски промени, па до комбинација од сето ова. Како изгледале диносаурусите, која боја биле? Од некои фосили засега дознавме дека имале пердуви, но кога станува збор за бојата е малку потешко да се дознае и тоа останува мистерија.

 
 

Дали биле топлокрвни или ладнокрвни животни? Традиционално, се сметаат за ладнокрвни. По низа проучување голем број научници сметаат дека веројатно биле топлокрвни. Мистерија е и нивната големина, но и нивната исхрана. Некои од овие предатори имале многу мале раце, но силни нозе што им овозможувало полесно да дојдат до плен.

Новите истражувања треба да откријат поголем дел од мистериите на кои науката сè уште нема одговор.

  
 

Во ова видео ќе дознаете за кои мистерии станува збор:

(10)

loading...

Вашиот коментар