Пет хорор серии кои не смеете да ги пропуштите оваа година (ВИДЕО)

Се испостави дека 2018. година е година во која сериите ги засенија холивудските блокбастери.

Ви преставуваме серии за кои се зборува оваа година и деифинитивно со нив одат сите препораки да ги погледнете.

 
 

„Касл Рок“
„Касл Рок“ е апсолутен хит на летото – мистериозен трилер со елементи на хорор, во кој се испреплетуваат мотиви од делото на Стивен Кинг.

  
 

Во напуштеното одделение на Шошенк, во мрачка дупка под шахтата, чуварите пронаоѓаат кафез, а во него мистериозно момче кое успева да каже само три зборови… Име на адвокат, чие минато е обвиено со мистерија и кој, заинтригиран од новиот случај, е принуден да се врати на местото од кое скоро е протеран.

„Убивањето на Ив“
Сандра Оу ја игра Ив, работничка од безбедносните служби, опседната со женските сериски убијци. Џоди Комер ја игра Биланел, нејзината нова фасцинација – таа е преубава, препаметна, млада, шармантна, ладнокрвна, манипулативна и необично талентирана за убивање.

Смртоносната игра на овие две жени ќе ве држи приковани за екранот од прва до последна епизода и ќе сакате уште. Инаку, Сандра Оу со оваа улога веќе влезе во историјата како прва Азијатка номинирана за престижната награда „Еми“ за главна улога.

„Остри објекти“
Серијата „Остри објекти“ не може да избегне споредување со „Големите мали лаги“, која ја одбележа минатата година, со оглед дека режијата на двете ја потпушува Жан Марк Вале, и дека во двете фокус е ставен на силните жени. Освен тоа, нема многу паралели.

Главнаата улога на серијата е репортерката Камила Прикер (Ејми Адамс), која се враќа во родното гратче да известува за убиство на две девојчиња. Ќе се испостави и дека се соочува со сопствените демони од минатото…

„Патрик Мелроуз“
Ако некој може Бенедикт Камбербач да го одвои од ликот на Шерлок Холмс, тоа е Патрик Мерлоуз, плејбојот кој ќе ви ги отвори врата на лагодниот живот на британскиот виш сталеж.

Меѓутоа, ќе ви ги отвори и вратата на сопствениот мрак, од привилегираното, но длабоко трауматично детство, преку зависноста од дрога во младоста која ја минал во Њујорк, до опоравувањето во Велика Британија.

„Смртоносна привлечност“
Дефинитивно не е една од „обичните тинејџ серии“. Првин „Смртоносна привлечност“ е римејк на култниот филм од далечната 1988 година кој ги помери граници и во Холивуд го донесе гласот на тинејџерите.

Темите како врсничкото насилство и самоубиствата, за жал, се поактуелни од тогаш – средното училиште делува помрачно отколку што го паметите додека Вероника, Џеј Ди и Хедерси спроведуваат свој вид на правда низ ходниците на училиштето „Вестерберг“…

(53)

loading...

Вашиот коментар