Подготвена е да биде замрзната со покојниот сопруг со надеж дека ќе се разбуди во далечната иднина

Голем број луѓе во текот на животот минуваат неколку непреспиени ноќи прашувајќи се притоа дали и што ги очекува по смртта, а тие мисли особено ни се навраќаат кога ќе ни почине некој близок.

И Британката Линда Чемберлејн (72) ја окупирале такви мисли кога во 2012. година и починал сопругот Фред. Сепак, во една работа била сигурна. Знаела дека тоа не е последен пат да се видат.

 
 

Од 1970. година Линда и Фред биле обединети, како поради својата љубов, така и поради заедничката посветеност да пронајдат начин да ја совладаат смртта. Делеле ист интерес за криогено замрзнување – пракса за складирање на мртви тела на многу ниски температури и тоа на неодредено време.

Практичарите на овие науки веруваат дека тоа во некој момент во иднината на технологијата ќе напредува доволно далеку за да лешевите се растопат и оживеат. Телата се замрзнуваат на -196 степени целзисувои и се складираат во специјални контејнери. За тоа потребно е да се издвојат 200.000 долари.

  
 

Луѓето кои сакаат да бидат замрзнати по смртта, предупредени се дека нема гаранции дека нивниот ризик ќе биде исплатлив, но неколкумина одбрани, се одлучиле да веруваат во иднината на медицината. Во САД веќе се замрзнати околу 250 луѓе, а уште 1.500 се пријавиле за замрзнување по смртта.

Првата личност која била дел од постапката бил таткото на Фред во далечната 1976. година. Бил жртва на мозочен удари и не се разбирал премногу во оваа наука, но верувал на својот син и снаа дека го прават она што сметаат дека е најдобро.

Мајката на Линда исто така е замрзната, откако во 1990. година починала од рак.

Во некои, хипотетички нивоа на свеста, тие, а и сите останати луѓе кои ги подржуваат принципите на крионика, веруваат дека ќе бидат повторно обединети во некоја форма. Лина не верува дека нивните физички тела ќе бидат вратени во живот.

Фактот е дека засега криогеното замрзнување останува само научна фантастика.

(237)

loading...

Вашиот коментар