Светски рекордери: Тие се во брак 80 години

Јапонија е позната како земја по големиот број на луѓе кои имаат наполнето по 100 години, а од неодамна во оваа земја е поставен уште еден рекорд, овој пат станува збор за брачен пар, кој заедно има 208 години и сега прославува 80-годишница од бракот.

Стогодишната Мијако, тврди дека за долговечноста на бракот е виновна таа, односно нејзиното трпение.

 
 

Масао Матсумото (108) и неговата сопруга Мијако (100) и официјално, според податоците во Гинисовата книга на рекорди, се прогласени за најстариот брачен пар на светот. Тие се венчаа во октомври, во далечната 1937 година.

„Многу ми е мило. Овој брак трае толку долго благодарение на моето трпение“, вели Мијако, со насмевка на лицето, позирајќи во дом за стари лица, заедно со сопругот и други членови на бројни фамилии, пред урамениот сертификат за бројот на години поминати во брак.

  
 

Овој брачен пар никогаш не успеа да направи церемонија за прослава на венчавката, во однос на тоа дека во Јапонија во тој период се подготвуваше војна, а Масао е испратен во војска, но тоа не ги спречи да формираат семејство.

Тие имаат дури 25 внуци, а последниот внук е роден во август.

„Влегоа во последното поглавје од своите животи. Многу им е мило што ја добија оваа потврда. Сакам да продолжат да живеат спокојно“, вели нејзината ќерка Хироми.

Јапонците се познати по својата долговечност. Јапонското министерство, неодамна објави податок, според кој по должината на животниот век, жителите на оваа земја се на второто место со просечен животен век од 82 години, веднаш после жителите на Хонг Конг.

(19)

loading...

Вашиот коментар