Се враќа најпознатиот вонземјанин на малите екрани

Компанијата „Ворнер Брос“ размислува за повторно оживување на култната сит-ком серија од 80-тите години, чиј главни лик е необичниот вонземјанин Алф.

Евентуалната нова верзија на серијата сѐ уште е во рана фаза, а продуцентите се во потрага по сценарист.
alf
Алф е мал, дебеле, крзнен, арогантен вознемјанин, чиј вселенски брод се срушил на кровот на гаражања на семејството Тенер од неименувано американско преградие. Во текот на целата серија, Алф се обидува да ја изеде семејната мачка.

 
 
Неговото име е пародија на филмскиот вонземјанин Е.Т. (Extra Terrestrial). Алф (ALF) претставува кратенка од англиското „Alien Life Form“, што значи вонземна форма на живот.

Серијата се емитувала од 1986 до 1990 година и стана една од најпопуларните серии на сите времиња.

(16)

  
 
loading...

Вашиот коментар