Се појави првиот сончев автомобил!

Иновацијата модел “Сион” има 330 соларни ќелии во кровот, хаубата и вратите, кои се полнат за време на возењето. Минхенската компанија “Соно моторс” направи електричен автомобил кој користи сончева енергија.

Овој електричен автомобил е наречен “Сион” има 330 соларни ќелии кои му овозможуваат да се полни за време на возењето.

 
 

Екологија:
Автомобилот е направен за да се зголеми бројот на еколошки возила во Германија, а голем дел од решенијата се многу иновативни. Автомобилите за движење користат електрична енергија добиена од соларните ќелии, но може да се наполни и на “пумпа” за други електрични автомобили.

Освен тоа, автомобилот има неверојатен систем за прочистување на воздухот.

  
 

“Имаме и други нешта кои овој автомобил го прават модерен. Тука е грејачот за седиштата, клима уредот, иновативни системи со кои е возможно да се поврзат разни уреди…”, вели Лаурин Хан, основач на компанијата, за Ројтерс.

Планови:
Автомобилот ќе се појави на пазарот идната година, а ќе бидат направени 5.000 примероци.

Во случај на врнежлив ден или возење ноќе, автомобилот со полна батерија може да помине 250 километри.

 

(31)

loading...

Вашиот коментар