Скандал: Suzuki и Mazda ги лажирале податоците за потрошувачката и гасови

Се навикнавме во последните години САД и Европа да бидат полињата за откривање скандали во кои главни актери се европските производители. Епицентарот на најновиот скандал е Јапонија, а тематиката повеќе од позната: мамење на тестови за потрошувачка и емисија на штетни гасови.

Владата на Јапонија на прес конференција објави дека по извршените контроли, утврдено е дека Mazda и Suzuki одобрувале тестирање на возила во неадекватни услови. Резултатите од овие тестови поврзани со потрошувачката и издувните гасови како такви биле прифаќани од овие производители и презентирани како т.н. каталошка потрошувачка. Со ова, како што велат од надлежното министерство на Јапонија, на потрошувачите им биле презентирани лажни податоци околу потрошувачката и издувните гасови.

 
 

Само за илустрација, кај Suzuki кој е четврти најголем јапонски производител на автомобили, е утврдено неправилност на дури 50% од тестираните автомобили од јуни 2012 година. Од овој период па се до оваа година биле тестирани 12.819 Suzuki автомобили и кај нешто повеќе од 6.400 автомобили била откриена нерегуларноста.

  
 

Овие информации ги потврди извршниот директор на производителот, Тошихиро Сузуки кој на прес конференција одржана во Токио им се извини на сите.

Од друга страна, нерегуларноста кај Mazda се сведува на само 4% од тестираните автомобили што е далеку помал процент од кај Suzuki. Покрај кај овие производители на автомобили, нерегуларности од ваков тип се утврдени и кај Yamaha, а официјални лица на овој производител на мотоцикли исто така се извини за овие нерегуларности.

(23)

loading...

Вашиот коментар