Смешно од што е трагично: Еден ист базен на Booking vs. во реалноста

Една жена си уплатила одмор во хотел во Виетнам, а кога пристигнала таму сфатила дека мора да направи очекување vs. реалност фотка.

Џени Кершав на Твитер сподели две фотки за споредба.

 
 

На левата можете да видите огромен, бесконечен базен со панорамски поглед. Според твитот на Џени, фотката била објавена на Booking за хотелот во кој требало да престојува.

Десната фотка пак, е онаа која ја направила Џени откако пристигнала. Без специјални ефекти и добро осмислени агли. Сфатила дека базенот всушност е минијатурно изѕидано џакузи.

  
 

smesno-od-sto-e-tragicno-eden-ist-bazen-na-booking-vs-vo-realnosta-02.jpg

Одговорот на Booking бил дека на нивниот сајт има над 150 милиони коментари од вистински гости кои престојувале во хотелите кои ги нудат, па корисниците не треба да се потпираат на една фотка за да го проценат сместувањето. Сепак, ветиле дека ќе го разгледаат случајот.

(664)

loading...

Вашиот коментар