Судот одобри во Берлин и натаму да се изложуваат човечки тела

Музејот на зачувани човечки тела во Берлин останува отворен, потврди германскиот суд и со тоа завршува долгогодишната правна битка меѓу градската администрација и неговиот творец Гинтер фон Хагенс, познат со прекарот Доктор Смрт.

„Музејот ќе опстане“, изјави неговиот син Рурик фон Хагенс за агенцијата ДПА.

 
 

Портпаролот на судот исто така ја потврди спогодбата според која музејот се согласил да ги најавува новите изложби две недели однапред со цел да му даде време на Градот за да го утврди потеклото на примероците.

  
 

Изложбите во музејот лоциран на главниот плоштад Александарплац прикажуваат човечки тела што се зачувани со метод на пластифицирање преку кој Хагенс ги извлекува течностите од телото пред да ги замени со силикон. Тој е изумител на оваа техника.

Процесот вклучува отстранување на кожата од човечки и животниски тела, кои на тој начин се наместени во одредени живописни пози.

(27)

loading...

Вашиот коментар