Тригодишнo девојче со повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн

Тригодишната Офелија Морган-Дев е прогласена за најпаметно дете во Британија, со коефициент на интелигенција 171. За споредба, генијалниот теоретски физичар Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелигенција 160.

Малата Офелија својот прв збор го изговорила на осум месеци, а брзо ги совладала и броевите, боите и абецедата. Нејзината мајка Натали сфатила дека има исклучително паметно дете, а експертите потврдиле дека девојчето има интелигенција над просекот

 
 

– Таа сака со мене и со татко и да чита книги, си игра со броеви и букви на компјутерите. Многу е активна, секогаш прави нешто. Сака и да си игра и со своите врсници во парк. Таа е прекрасно дете, а јас сакам само да биде здрава и среќна – изјавила нејзината мајка.

Тригодишната Офелија, благодарение на својот коефициент на интелигенција, станала најмладата членка на МЕНСА.

  
 

– Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, се срамат да ги слават интелектуалните достигнувања на своите деца. Сфатив дека не постои разлика меѓу родителите кои ги слават спортските медали на своите деца, и Офелија заслужува да биде фалена заради тоа што е исклучително паметна – додала мајката Натали.

Натали објаснила дека двеојчето има неверојатна меморија и памети настани што се случиле пред да наполни една година.

Офелија Морган-Дев се наоѓа на врвот во 0,03 отсто од популацијата, имајќи ја предвид интелектуалната способност. Таа остварила подобар резултат од единаесетгодишната Арнава Шарме и дванаесетгодишниот Раул Џоши, кои до сега ја носеле титулата најпаметни деца во Британија. Нивниот коефициент на интелигенција изнесува 162.

(104)

loading...

Вашиот коментар