Фејсбук и Твитер гасат лажни профили поврзани со кампањи на Русија и Иран

Фејсбук откри и забрани стотици лажни профили, групи и сајтови вклучени во кампања за координирано „манипулирачко“ политичко влијание.

Фејсбук рече дека отстранил 652 страници, групи и профили поврзани со Иран и Русија, поради „координирано неавтентично однесување“, кое подразбира споделување политички материјал, објави Би-би-си.

 
 

Твитер, исто така, објави дека укинал 284 профили поради „координирани манипулации“, од кои многу очигледно потекнуваат од Иран.

Вчера Мајкрософт соопшти дека открил руски сајбер-напади против американски конзервативни групи.

  
 

Во вторникот Фејсбук објави дека открил неколку профили што покажале „неавтентично однесување“ поврзано со кампањи што потекнуваат од Иран и Русија, по истрагите што траеле „многу месеци“.

„Ние го забрануваме ваквото однесување затоа што сакаме луѓето да им веруваат на поврзувањата што ги создаваат“, се вели во соопштението на компанијата

И покрај тоа што истрагата сè уште е во тек, додаде социјалната мрежа, кампањата се чини дека ги таргетира луѓето преку неколку интернет-сервиси на Блискиот Исток, Латинска Америка, Велика Британија и САД.

(6)

loading...

Вашиот коментар