Хоакин Феникс ќе биде Џокер во новиот филм на DC

По долго месеци полни со шпекулации, денеска конечно беше потврдено дека DC и Warner Bros подготвуваат нов филм за најпознатиот стрип-негативец и најголем непријател на Бетмен, Џокер. Во главната улога ќе се појави Хоакин Феникс, актерот за кој се шпекулираше дека ќе ја преземе улогата од Џаред Лето.

Според Hollywood Reporter, филмот ќе почне да се снима во септември во Њујорк.

 
 

Режисер на новиот филм за Џокер ќе биде Тод Филипс, познат по филмот „The Hangover“, а тој и ќе го пишува сценариото заедно со Скот Силвер. Темата на филмот најдобро би можела да се опише како „приказна за човек кој е одбиен од околината и служи за проучување на човечкиот карактер, но всушност е приказна која повикува на претпазливост“.

Засега не е познат датумот за премиера ниту пак буџетот кој ќе го има овој филм, но гласините велат дека тој би требало да биде направен за околу 55 милиони долари. Сумата е многу пониска од онаа која ја користат останатите филмови со суперхерои, но мора да се разјасни дека новиот филм за Џокер нема да биде филм за суперхерои туку крими-драма со многу реалистични елементи.

  
 

Продуцент на филмот е познатиот режисер Мартин Скорсезе, кој е силно вмешан во секоја активност на овој проект.

За фановите кои го посакуваа Џаред Лето како Џокер, имаме радосна вест. Соло филмот за Џокерот на Џаред Лето и понатаму останува во плановите на DC и Warner Bros, и тој на ниту еден начин не е поврзан со оној на Жоакин Феникс.

Повеќе детали за филмот би требало да добиеме наредниот викенд, кога ќе се одржи San Diego Comic-Con, каде DC и Warner Bros ќе имаат заедничко обраќање до публиката.

(16)

loading...

Вашиот коментар