Црвено теле се роди во Израел: За него се врзува библиско пророштво!

Еврејските научници тврдат дека на свет дошло црвено теле, прво по 2.000 години, исполнувајќи го библиското пророштво кое го предвидува доаѓањето на месијата.

Христијаните веруваат дека Месијата ќе дојде кога злото ќе завладее и кога апокалипсата ќе се заканува на светот.

 
 

Раѓањето на библиското теле го објави „Институтот храм“, група која вели дека е „посветена на секој аспект од Светиот храм Ерусалим“.

– На седуманесетиот ден на Елул, 5778, на 28 август 2018 година, во земјата Израел родено е црвено теле, напишала групата на својата фејсбук страница.

  
 

Тие тврдат дека женката теле гопреткажува изградувањето на Третиот храм во Ерусалим и доаѓањето на Месијата. Евангелистичките христијански теолози веруваат дека Третиот храм ќе доведе до Судниот ден, пренесува Спутник.

Споменувањето на црвени телиња присутно е и во христијанската и еврејската традиција.

Телето, според извештаите, го испитувале и рабински експерти, а го прочувале на неколку месеци за да се утврди неговиот легитимитет на библиското пророштво.

„Институтот храм“ својата програма за одледување на црвени телиња го започнува во 2015. година со едиснтвена цел, произведување телиња кои се споменуваат во пророштавата. Животното треба да исполни низа барања, од кои најважно е да биде целосно црвено.

Научниците увезле замрзнати ембриони од црвени крави од расата „ангус“ и ги вкрстиле со домашните израелски крави.

Црвените женски телиња биле раѓани и претходно, но дисквалификувани поради неисполнување на сите барања од пророштвото.

Телето родено во 1999. година било машко, а онаа родено во 2012. година не било целосно црвено – на еден дел од телото имало бели влакна.

(80)

loading...

Вашиот коментар