Југо на стероиди: Наследник каков што никој не очекуваше – Yugo GT 5000

Дизајнерот Михаел Меркер објави неколку фотографии од неговиот концепт за Yugo GT 500 – наследникот на легендарното Yugo кое до пред 10 години се произведуваше во српскиот град Крагујевац. Модернизиран и во чекор со времето, новата модификација на Меркер за денешниот пазар изгледа навистина посебно.

Откако започна производството на овој автомобил, преку 800.000 купувачи решија да одвојат пари за да го купат српското Yugo, кое во текот на осумдесетите години од минатиот век се извезуваше и во САД.

 
 

Иако во последните неколку години најпопуларни на пазарот се електричните автомобили, Михаел Меркер вели дека сака да го види овој модел со V8 турбо мотор комбиниран со современ осмостепен автоматски менувач.

  
 

(508)

loading...

Вашиот коментар