10 безмилосни диктатори низ историјата

Тие барале апсолутна контрола, па дури и со сила. Ова се 10 познати најбрутални диктатори во текот на историјата.

Ким Џонг-Ил
(Северна Кореја 1994-2004)
Како и неговиот татко па и неговиот познат наследник Ким Џонг-Ун, екцентричниот Ким Џонг-Ил ја владеел Северна Кореја строго и со посебен став и карактер. Неговата влада била една од најрепресивните со жители кои живеат во бедотија изолирани од останатите. Меѓу егзекуциите, гладот жителите биле и присилени на постојана работа. Се смета дека овој врховен лидер одземал над милион животи во текот на неговото владеење и тоа без да ја вклучиме нуклеарната програма.

 
 

Image result for kim jong il

Франциско Франко
(Шпанија 1936-1975)
Шпанија доживеала граѓанска поделба кога Франциско Фреко пробал присилно да ја преземе власта од левичарската влада со подршка на нацистичка Германија и фашистичка Италија. Националистите ја освоиле победата од крвавата граѓанска војна и Франко стапнал на власт. Убиства, потиснување на јазикот и културата биле само дел од елементите кои ги имплементирал Фреко. Тој успеал цврсто да води четири децении. Иако режимот постепено се променил и демократијата се вратила по неговата смрт. Негови познати зборови: „Тоталитарна држава ќе ја хармонизира Шпанија“.

  
 

Image result for francisco franco

Мао Це Тунг
(Кина 1949-1976)
Овој комунистички лидер стана спасител за граѓаните кога ја основал Републиката на Кина и со водење  на индустирски и културолошки револуции. Иако трансформацијата на Кина ја претворила во супермоќ, критичарите сметаат дека загубата на човечки животи поради овие промени варира меѓу 40 до 70 милиони. Како главни причини се наведуваат гладот, убиства, егзекуции и робување.

Image result for mao ce tung

Бенито Мусолини
(Италија 1926-1943)
Глорификуван како единствениот човек кој успеал да ја соедини Италија и да го врати редот. „Ел Дуче“ го растурил демократскиот систем и ја преземал власта. Италија станала држава со само една фашистичка влада на чело со Мусолини. Полицијата ги задушувала бунтовите со агресивни сили како притвори и егзекуции. Мусолини успеал да ја прошири империјата на Италија со тоа што колонаризирал предели од Африка. Но неговото партнерство со Хитлер, неизбежно го запечатил неговиот пад.

Image result for mussolini

Садам Хусеин
(Ирак 1979-2003)
Овој диктатор во текот на неговото владеење се закитил со титулата „најопасен човек на светот“ и не без право. Садам Хусеин е еден од малкуте диктатори на кои му се судело и бил притворен па на крај егзекуиран за  неговите злосторства. Иако неговите социјалните програми не можеле да се споредат тој егзекуирал огромен број противници, сограѓани, ја масакрирал целата популација на курдите и ја користел својата моќ со нафтата како право да навлегува во соседните држави. Овие дела предизвикале војни, немири и востаниа. Подоцна лажни тврдења за оружјето за глобално уништување донело до негово распаѓање.

Related image

Муамeр Гадафи
(Либија 1969-2011)
Кратко откако станал владетел, полковникот Гадафи го откри своето влијание со тоа што протвивењето на неговата власт го направил противзаконско. Обвинет за нарушување на човечките права и злосторсва кон целото човештво ова „Лудо Куче од Средниот Исток“, како што бил нарекуван, воспоставил обемен надзор на својот народ и станал неверојатно богат додека бедата во државата растела. И покрај наредбите за егзекуции на бунтовниците, незадоволните либијци вратиле на ударот и владетелот бил соборен и убиен.

Image result for gaddafi

Пол Пот
(Камбоџа 1975-1979)
Пол Пот  пробал да ја врати Камбоџа на своите рурални корени со тоа што ги присилувал граѓаните да ги напуштат своите домови, да се одалечат од урбанизацијата и да работат деноноќно на фарми. Иако бил на власт 4 години, комунистичката партија на Пот предизвикала смрт на повеќе од 2 милиони жители со глад, болест, присилен труд, измачување и болест. Жртвите биле закопувани во т.н „поле на мртвите“. Тој цврсто ја држел својата моќ се до неговата смрт во 1998.

Image result for pol pot

Иди Амин
(Уганда 1971-1979)
Како поранешен познат војник со голема харизма Амин присилно ја презел власта од тогашниот претседател и станал само-прогласен претседател за цел живот. Неговото брутално владеење го одбележа падот на економијата, политичка авторитарност, корупција и нарушување на човековите права, етничко чистење, масовно убивање и гласини околу канибализам за самиот владетел. Со неговото непредвидливо однесување ги одалечил своите следбеници и „касапот од Уганда“ бил прогонет од државата.

Related image

Јосиф Сталин
(Русија 1924-1953)
По служењето на Ленин, „човекот од челик“ станал диктаторски лидер на Советска Русија со тоа што ги дискредитирел и елиминирал ривалите. Агресивната комунистичката индустријализација уби милиони поради глад, убиства и во Гулаг камповите. Но, „Големото Чистење“ бил најтемниот период, кога најразлични невини жителите биле депортирани, затворени и егзекуирани. Иако помогнал во битката со нацистите во војната, тенденциите на овој параноичен владетел направиле да настане тотално бришење на неговата трага  и де-сталинизација на нацијата по неговата смрт.

Image result for josef stalin

Адолф Хитлер
(Германија 1934-1945)
Германски канцелар и лидер на нацистичкото движење, Хитлер ги открил своите намери и мотиви кога направи нацистичката партија да е единствена владеачка партија  на Германија. Тој се служел со пропаганда, потиснување и убивање за да ги згази своите противници. Со анексирање на држави, со предизвикување на втората светска војна и со започнување на холокаустот и концентрационите кампови со евреи, роми, хомосексуалци, хендикепирани, комунисти предизвикал рекорден број од над 10 милиони на смрт од наредба од еден човек.

Related image

(364)

loading...

Вашиот коментар