10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Пред 20 години ако некој ви кажел дека ќе го колонизираме Марс, сигурно би му се изнасмеале. Дури и денес многумина се сомневаат во овој подвиг. Елон Маск не само што сака да докаже дека ова е возможно, туку и тврди дека колонизацијата на друга планета е единствениот спас за човештвото. Тој веќе ја започнал својата мисија и секогаш ги споделува новостите со јавноста. Па, погледнете што ни е познато за оваа неверојатна мисија.

1. Мисијата беше најавена во 2016-та година

 
 

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Во септември 2016-та година Елон прв пат ја предложи идејата за колонизација на Марс. Неговата цел е да нè направи меѓупланетарна раса. Најголемиот проблем во тој период беше финансиската поддршка на проектот. Една година подоцна тој се врати со разработен проект. За време на презентација на Интернационалниот астронаутички конгрес во Австралија, Елон ја претставил новата идеја со најновото средство за вселенски транспорт наречено БФР. Тој изјави дека за финансирање на проектот направил бизнис план со кој неговото вселенско возило е инвестиција.

  
 

2. БФР транспорт

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

БФР е ракета која наводно ќе ги замени Фалкон 9, Фалкон Хеви и Драгон. Иако се очекува ракетата да се истроши со текот на времето, сепак сметаат дека ќе може да направи неколку патувања. Оваа ракета e за повеќекратна употреба, а со тоа се намалува трошокот за други ракети и вселенски возила. Покрај тоа во неа собира 100 патници. Ракетата исто така ќе се користи за лансирање сателити и вселенски телескопи, чистење вселенски отпад и транспорт на товар до Интернационалната вселенска станица. Можеме да очекуваме и летови околу светот кои ќе ги заменат комерцијалните авионски летови.

3. Првата мисија ќе биде во 2022-ра година

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Од Спејс екс најавија дека целта им е да испратат беспилотно летало на Марс во 2022-ра година. Примарна ќе биде проверката на вода и идентификување на потенцијални закани за колонизацијата. Во овој период ќе се постави извор на енергија и инфраструктура за поддршка на живот. Ако сè оди по план ова ќе биде вистински настан во историјата на човештвото. Ако го следат распоредот, леталото треба да се изгради оваа година за да можат да почнат со пробни тестови во 2019-та. Ако леталата се покажат безбедни и достојни за транспорт на живот, следната мисија ќе промени многу. Ќе нè направи меѓупланетарен вид како што Елон замислил.

4. Следната мисија е во 2024-та година

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Во 2024-та година планирано е лансирање на летало со екипаж и товар. Мисијата ќе трае со месеци, но патниците ќе имаат многу место во ракетата. Една БФР ракета има место за 100 луѓе во 40 кабини, големи заеднички простории и системи за забава. Бројот на луѓе во првиот лет не е најавен, но најверојатно ќе станува збор само за астронаути. По пристигнувањето, првите жители ќе изградат нешто што ќе наликува на вселенска бензинска станица и ќе се подготват за идните посетители. Ова ќе биде почетокот на првата база на Марс.

5. Елон има идеја како да го направи Марс погоден за живеење

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Засега црвената планета е смртоносна за луѓето. Не можеме да го дишеме воздухот, почвата е отровна, а водата е заробена во мраз под површината. Елон планира да го претвори Марс во планета која би го поддржувала човечкиот живот. Прашањето е како ќе се изведе оваа тераформација. Елон предложил употреба на нуклеарни експлозиви за ослободување на водата, но оваа идеја би имала катастрофални последици за тамошниот живот, ако воопшто го има.

6. Ќе се гради камп на месечината

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

На 11-ти декември 2017-та година, претседателот Доналд Трамп потпишал нова директива за администраторот на НАСА да се фокусира на месечината. Со ова ќе се испратат американски астронаути околу нашиот сателит за прв пат по 1972-ра година. Оваа мисија ќе ги постави темелите за понатамошното истражување на Марс, па и подалеку. Откако ги слушнал вестите, Елон изјавил дека досега би требало да имаме лунарна база.

7. Колонизацијата на Марс нема да биде евтина

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Според Елон, за развојот на БФР ќе бидат потребни околу 10 милијарди евра. Евентуално на Спејс екс ќе им биде потребно јавно-приватно партнерство со кое би се покриле трошоците за колонизирање и тераформирање на друга планета до 2060-та година. За да се постави самоодржлива цивилизација на Марс ќе бидат потребни околу 10.000 летови со БФР, не вклучувајќи ги оние со опрема. Првиот билет би бил навистина скап, но со текот на времето нивната цена би се спуштила на околу 100.000 евра.

8. Процесот е веќе започнат

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Иако сме во почетната фаза на колонизација на Марс, досега сме сведоци на навистина неверојатни нешта. Едно од тие е лансирањето на автомобилот на Елон во вселената. Во февруари 2018-та година, Спејс екс ја лансирашре ракетата Фалкон Хеви со автомобил Тесла и камера. Иако целта беше орбитата на Марс, поради мала грешка возилото сега орбитира околу сонцето. Во март оваа година Елон најави дека веќе почнале со изградбата на првата меѓупланетарна ракета.

9. На што друго можеме да се надеваме?

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Кампот на месечината и колонизацијата на Марс не се единствените нешта на коишто можеме да се надеваме. Истата ракета би транспортирала патници и на други планети и месечини, а исто така би овозможила патување околу светот за помалку од еден час. Ракетата би патувала во вселената каде што речиси и да нема триење, лоши временски услови и турбуленција, со тоа значително скратувајќи го времето на патување. На пример, лет од Лос Анџелес до Токио би траел 32 минути. Штом НАСА ја изгради базата на месечината би можеле да патуваме подалеку отколку што замислуваме.

10. Потенцијални ризици за човечкиот живот на Марс

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Како што веќе кажавме, Марс е токсичен за луѓето. Оние кои ќе се одлучат да ја посетат планетата ќе се соочат со вселенска радијација, ослабени мускули и ослабен имунитет. Патувањето до Марс може да резултира со изложување на радијација која пак може да предизвика рак и оштетување на очите. Патниците ќе се наоѓаат во околина со микрогравитација, а Марс има само третина од она на коешто се навикнати нашите мускули. Како резултат на ова мускулите ќе ослабат. Покрај тоа, патувањето во вселената го менува имунолошкиот систем бидејќи клетките не се „борат“ исто добро. Без медицинска помош и неспособноста за КПР поради нулта гравитација, нешто едноставно како грип може да биде смртоносно. Човечкиот живот на Марс претставува ризик и за самата планета. Со создавање колонија или посетување, ја загадуваме планетата и го уништуваме животот кој веќе постои таму.

(8)

loading...

Вашиот коментар