10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Воопшто не е лесно да натерате милиони луѓе ширум светот во исто време да гледаат исто нешто. Но одвреме-навреме се случуваат настани кои го привлекуваат вниманието на голем дел од публиката. Популарните телевизиски програми навистина знаат што е интересно на глобално ниво. Иако е тешко точно да се одреди гледаноста, овие настани натерале стотици милиони луѓе да ги вклучат нивните телевизори.

1. Погребот на претседателот Џон Ф. Кенеди, 1963

 
 

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 180 милиони

  
 

На 22-ри ноември 1963-та година, Американците дознаа дека нивниот 35-ти претседател, Џон Ф. Кенеди, бил убиен од снајперист во Далас. Три дена подоцна се одржал погребот и се проценило дека околу 180 милиони луѓе ја гледале церемонијата. 93% од американските домови во кои имало телевизор го следеле настанот. Покрај тоа, околу 250.000 луѓе присуствувале на погребот во Вашингтон, а над 800.000 луѓе ја следеле поворката на улица.

2. Венчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, 2011

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 300 милиони

На 29-ти април 2011-та година, неколку стотици милиони луѓе одвоиле време да ја гледаат свадбената церемонија на Вилијам и Кејт која се одржа во Вестминстер Аби во Лондон, Англија. Бројот на гледачи вклучува милиони луѓе од 188 држави кои ја гледале венчавката во живо на Јутјуб.

3. Полуфиналето на Светското првенство во крикет (Индија против Пакистан), 2011

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 400 милиони

Кога спортските ривали од Индија и Пакистан се соочиле во второто полуфинале од Светското првенство во крикет во 2011-та година, фановите од двете држави активно следеле. Натпреварот се одржал на 30-ти март во Мохали, Индија. На стадионот имало публика од околу 35.000 фанови, вклучувајќи познати личности, дипломати и премиерите на Индија и Пакистан. Натпреварот разочара многу фанови на пакистанскиот тим бидејќи победи Индија и продолжи кон финалето. Таму Индија се натпреваруваше со Шри Ланка и победи.

4. Пролетниот гала фестивал, 2012

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 498 милиони

Пролетниот гала фестивал во Кина е годишен настан продуциран од Кинеската централна телевизија (CCTV) во чест на кинеската Нова година. Прв пат се емитувал во 1983-та година. Оваа програма се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди како едно од најгледаните телевизиски шоуа во светот и е навистина популарна. Во 2012-та настанот во живо го следеле 498 милиони гледачи, најмногу од Кина.

5. Меморијалната церемонија во чест на Мајкл Џексон, 2009

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 500 милиони

На 7-ми јули 2009-та година, 12 денови по смртта на легендарниот Мајкл Џексон, беше одржана церемонија во негова чест во Лос Анџелес. Биле поделени 17.500 бесплатни билети за настанот, и тоа низ целиот свет. За само 24 часа, над 1,6 милиони луѓе аплицирале за бесплатниот билет. Покрај илјадниците присутни, уште милиони други го гледале настанот од нивните домови. На церемонијата изведувале ѕвезди како Мараја Кери, Стиви Вондер и Лајонел Ричи. Се претпоставува дека околу половина милион фанови го гледале настанот на телевизија.

6. Слетувањето на месечината, 1969

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 500 милиони

На 20-ти јули, 1969-та година, над половина милијарда луѓе ги гледале американските астронаути како слетуваат на месечината. Во тоа време слетувањето ја имало најголемата публика на телевизија во историјата. Гледачите од целиот свет сведочеле на познатата изјава на Нил Армстронг:

„Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото.“

Камерите поставени на површината на месечината од страна на тимот на Аполо 11 го пренесувале настанот во живо. Астронаутите ја напуштиле месечината со околу 20 килограми месечеви камења и почва. На површината поставиле знаме од САД изјавувајќи:

„Доаѓаме во мир за целото човештво.“

7. Светското првенство ФИФА (Италија против Франција), 2006

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 715 милиони

На 9-ти јули 2016-та година, на Олимпискиот стадион во Берлин се одржа Светското првенство ФИФА. Италија и Франција се соочија за да се одреди победникот на тоа Светско првенство. Натпреварот заврши со резултат 1-1, но Италија ја победи Франција со пенали. На стадионот имало 69.000 фанови, но настанот бил следен од над 715 милиони луѓе преку телевизија. Ова беше првата светска титула на Италија од 1982-ра година.

8. Алоха од Хаваи, 1973

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 1 милијарда

Елвис Присли одржал огромен концерт на 14-ти јануари 1973-та година во Хонолулу. Наводно, сателитскиот пренос на настанот привлекол околу 1 милијарда гледачи од 40 држави ширум светот. Ова бил најскапиот настан во тоа време и чинел околу 2,3 милиони евра.

9. Спасувањето на рударите од Чиле, 2010

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 1 милијарда

Во август 2010-та година, 33 рудари беа заробени во рудник во областа Атакама во Чиле. Катастрофата била предизвикана од рушење на рампа. Планирањето на операцијата за спасување траела со месеци, а бил потребен речиси цел ден за да се спасат жртвите. Над милијарда луѓе следеа како напредува спасувањето.

Рударите беа под земја вкупно 60 денови, а повеќе од две недели немале речиси никаква комуникација со надворешниот свет. Во тој период мажите морале да се снаоѓаат со залиха на храна за два дена за итни случаи додека да можат да стапат во контакт.

10. Церемонијата за отворање на Олимписките игри во Пекинг, 2008

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Приближен број на гледачи: 2 милијарди

Над две милијарди гледачи ја следеле церемонијата за отворање на Олимписките игри на 8-ми август 2008-ма година. Овој број е речиси четвртина од населението на Земјата. Програмата траеше над 4 часа и имаше околу 15.000 изведувачи од целиот свет. Настанот чинел околу 100 милиони евра.

(50)

loading...

Вашиот коментар