13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Секој ден сè повеќе се доближуваме до иднината од научно фантастичните филмови и книги. Веќе можеме да правиме органи во лабораторија, да одгледуваме животни во вештачки матки и се обидуваме да откриеме планети како Земјата. Ова се некои од најважните научни откритија изминативе неколку години и човештвото треба да биде гордо на нив.

1. Речиси ја искоренивме еболата

 
 

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Во 2016-та година, Агенцијата за здравство од Канада заедно со една фармацевтска компанија создаде вакцина против еболата. Светската здравствена организација смета дека ефективноста на вакцината варира од 75% до 100%. За прв пат во 40 години правилата се променија и луѓето се посилни од вирусот.

  
 

2. Стигнавме до Плутон

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Мисијата на НАСА позната како „Нови хоризонти“ започна во 2006-та година кога Плутон сè уште го сметавме за планета. На леталото „Нови хоризонти“ му беа потребни 9 години да ја стигне својата цел и да ги направи првите фотографии во боја од Плутон и неговата најголема месечина. Веќе нема неистражени планети во Сончевиот систем.

3. Заменивме делови од ДНК

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Тим од кинески и американски научници продолжува со истражувањата за алатката за менување гени позната како CRISPR-Cas9. Ова им овозможува на луѓето да отстранат непотребен дел од ДНК-та, да го заменат и да го менуваат. Речиси имаме можност да го модифицираме геномот на луѓето. Ова би требало да им помогне на лекарите да се справат со болестите кои предизвикуваат промени во гените.

4. Најдени се остатоци од древни луѓе

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Во 2013-та година професорот Ли Бергер организирал експедиција до пештерите Диналеди и открил 1.500 древни фосили. По испитување на остатоците од древните луѓе познати како хомо наледи, се дошло до заклучок дека ова се најстарите припадници на човечката раса. Живееле пред околу 2-3 милиони години.

5. Испечатено е ткиво што може да спасува живи клетки

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Истражувачите од Институтот „Wake Forest“ развиле метод за печатење живо ткиво. Клетките биле поставувани на местото на мастило и печатачот бил програмиран да ги печати по одреден ред. Претходно употребата на оваа технологија беше вистински предизвик бидејќи клетките умирале поради недостаток од кислород и хранливи материи. Овој изум ќе им помогне на научниците да „одгледуваат“ екстремитети и внатрешни органи во иднина.

6. Создадовме антибиотик против бактеријата што е отпорна на речиси сите лекови

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Истражувачите направиле направа што може да биде поставена во земјата и да им овозможува на бактериите да живеат во нивното природно опкружување. Една од супстанциите што ја создале овие бактерии се покажала како навистина ефикасна против повеќето бактерии отпорни на други антибиотици. Оваа супстанца ги убива бактериите така што ги распаѓа нивните клеточни ѕидови.

7. Поврзавме мозоци на 4 стаорци

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Невронаучниците успешно ги поврзале мозоците на 4 возрасни стаорци. Оваа мрежа можела да процесира слики, да складира и да бара информации, па дури и да го предвиди времето. Перформансот на „органскиот компјутер“ бил подобар од перформансот на секој мозок одделно. Како би било да има еден мозок за 4 различни личности?

8. Се обидовме да го вратиме биолошкиот часовник

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Група научници од Универзитетот Стенфорд нашле начин да ги издолжат човечките теломери, заштитниот дел на краевите на нашата ДНК, односно хромозомите. Колку е помлада личноста, толку се подолги теломерите. Со текот на времето нивната должина се намалува и личноста старее. Научниците докажале дека можеме да ги модифицираме краевите на хромозомите.

9. „Променивме“ човечки ембрион

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

На 27-ми јули, 2017-та година, во Портланд, научниците ги отворија вратите кон новата ера од медицината. Со помош на CRISPR тие успеале да отстранат наследно нарушување на срцето. Сега научниците можат да ја менуваат нашата ДНК со вметнување и отстранување на елементи. Процесот е толку прецизен што научниците мораат да пробаат многу хемиски комбинации пред да направат одредена промена.

10. Научивме вештачка интелигенција да прави паркур

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Експертите од Гугл покажале како ја научиле нивната вештачка интелигенција да се прилагодува на променливо опкружување. Без разлика дали станува збор за безглаво тело, тело со 4 нозе или 3Д човечка фигура, таа со помош на паркур ги надминувала сите пречки во виртуелниот свет.

11. Одлучивме да ја изладиме планетата

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Почнувајќи од 1980-та година, температурата на Земјата се зголемува за 1 степен секоја деценија. Топењето на мразот ќе го покачи нивото на морињата, па ќе има многу поплави и други природни катастрофи. Земајќи ги предвид сите закани, членовите на Обединетите нации решиле да го имплементираат Договорот од Париз. Со оваа програма државите се задолжени да започнат со штедење на енергија и имплементирање технологии кои се добри за околината.

12. Направивме вештачка матка

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Тим од детската болница во Филаделфија направил матка за да спаси предвремено родено јагне. Во иднина, оваа направа би им помогнала на лекарите да ја намалат стапката на смртност кај децата родени пред 37-мата недела од бременоста. Сепак денес оваа вештачка матка не е погодна за предвремено родени деца бидејќи не го снабдува фетусот со сите потребни хранливи материи и кислород.

13. Најдовме планета погодна за живот

13 научни откритија за кои човештвото треба да биде гордо

Научниците од Европската организација за астрономски истражувања открија планета, LHS 1140b, која можеби е погодна за живот. Планетата се наоѓа на само 40 светлосни години од Земјата. Според првите истражувања, таа е во орбита на црвено џуџе и може да подржува живот. Површината е карпеста, може да ја задржи атмосферата, а веројатно има и услови за течна вода.

(8)

loading...

Вашиот коментар