25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

Дали во последно време сте направиле нешто нелегално? Ако одговорот е не, размислете подобро. Интернет законот е навистина комплициран и постојано се менува, па тешко е да следите што е, а што не е легално онлајн. Па, ако сте како повеќето луѓе, најверојатно сте ги направиле овие нелегални работи онлајн.

1. Користење торенти
Самото користење торенти не е нелегално, но ако симнувате содржина заштитена со авторски права, тогаш станува нелегално. Илјадници луѓе биле осудени токму поради ова.

 
 

2. Онлајн малтретирање
Онлајн малтретирањето понекогаш е тешко да се забележи. Во САД дури постојат посебни закони против онлајн малтретирањето и казните се разликуваат. Некогаш виновниците се избркани од училиште, се осудуваат за напад или се осудуваат за нанесување штета.

3. Гледање филмови и серии онлајн од неофицијални извори
Секојдневно, милиони луѓе гледаат телевизиски серии и филмови преку нелегални веб-сајтови. На пример, „Игра на тронови“ е најпиратирана серија на сите времиња.

  
 

4. Користење на длабокиот Интернет
Длабокиот Интернет ја претставува мрачната страна на Интернетот. Всушност, не е нелегално да го користите, а многу новинари го користат за комуницирање со држави кои имаат строги Интернет закони. Но, ако налетате на погрешен веб-сајт, можете да си предизвикате големи проблеми.

5. Користење лажно име
Иако звучи малку глупаво, според нејасниот Акт за компјутерска измама и малтретирање, користењето лажно име онлајн е нелегално.

25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

6. Лажирање на вашата IP адреса
Иако можете да ја сокриете вашата IP адреса, нелегално е да ја лажирате. Ова не би требало да ве изненади бидејќи можете да правите многу лоши нешта кога сте анонимни.

7. Крадење Интернет
Ако го користите незаштитениот безжичен Интернет на вашиот сосед, го прекршувате законот.

8. Продавање на eBay без објавување на приходите
Не можете да продадете нешто на овој веб-сајт без да дадете извештај за вашата заработка од него.

9. „Тролање“
„Тролањето“ е како шегување во светот на Интернетот и го направиле многу луѓе. Но ако ова шегување се претвори во напаѓање, следење и малтретирање, тогаш станува илегално.

10. Блокирачи на реклами
Во повеќето држави блокирањето на рекламите од веб-сајтовите не е нелегално. Но, во Кина не смеете да го правите ова.

25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

11. Гифови и „мемиња“
Додека повеќето гифови и мемиња користат јавен домен или креативни слики, повеќето нелегално користат материјал заштитен со авторски права.

12. Симнување фотографии
Самото зачувување на некоја фотографија од Интернет не е нелегално, но ако фотографијата е заштитена со авторски права, можете да си направите проблем.

13. Работење со туристичка виза
Ако на пример работите од дома за американска компанија и одеднаш одлучите да одите во Англија, може да биде нелегално да ѝ пристапите на вашата имејл адреса без работна виза.

14. Споделување лозинки
Споделувањето на лозинки е ризик за вашата безбедност, но е и нелегално.

15. Профили за пародија
Иако не е секогаш нелегално, линијата може да биде навистина тенка и многу корисници на Твитер се против ова. Ова е особено важно ако не го обележите профилот како лажен или како пародија.

 

 

25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

16. Профили на деца
Според Актот за заштита на онлајн приватноста на деца, децата помлади од 13 години не смеат да имаат онлајн профил без дозвола од нивните родители.

17. Регистрирање домени со заштитено име
Не можете да регистрирате домен во кој има заштитено име, како на пример Кока-кола.

18. Избегнување на плаќање
Додека секој сака бесплатни вести, сепак и весниците и веб-сајтовите мораат да заработуваат. Ако го избегнувате нивното барање за плаќање, вие всушност крадете. Во Канада еден веб-сајт добил околу 11.000 евра откако судел личност која го избегнала плаќањето.

19. Прикачување заштитен материјал на Јутјуб
Прикачувањето на заштитен материјал на Јутјуб често завршува со бришење на видеото. Доколку сопственикот на материјалот сака да ве суди, има право да го направи тоа. Дури и ако не заработувате од видеото, нема да се заштитите.

20. Забава на компјутери за работа
Ова е поврзано со користење на предмет од работното место за рекреација. Бидејќи сите го прават ова, внимавајте да не се смеете гласно.

25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

21. Копирање софтвер
Ова е можеби најочигледно. Дали е легално или не зависи од правилата. За некои софтвери имате дозвола да ги копирате.

22. Патување по „Свилениот пат“
Веќе го спомнавме длабокиот Интернет. Свилениот пат е онлајн црн пазар во длабокиот Интернет на кој можете да купите речиси сè. И без да купите нешто, самата посета може да ви предизвика проблем.

23. Објавување видео на кое ја пеете „Happy Birthday“
Забрането е да ја пеете оваа песна во јавност, па дефинитивно не смеете да ја пеете на Интернет. Песната е заштитена со авторски права, па токму поради тоа речиси никогаш не ја гледате во филмови.

24. Зборување лошо за Кина
Ако сте во Кина, не смеете да ја критикувате власта ни во реалниот живот, ниту онлајн. За ова можете да завршите во затвор.

25. Најмување убиец
Веројатно не сте ни помислиле да го направите ова, но постојат секакви луѓе. Без разлика дали сте онлајн или во реалниот свет, најмувањето убиец е нелегално.

(44)

loading...

Вашиот коментар