9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Можеби во денешно време модерната наука има објаснување за речиси сѐ што се случува околу нас, но сепак и во оваа ера природата успева да нѐ надмудри со нејзините трикови. Ако продолжите да читате, ќе откриете 9 неверојатни природни аномалии за коишто научниците сѐ уште немаат објаснување, а останатите луѓе доаѓаат до заклучоци, коишто се далеку од точни. Овие феномени се истовремено импресивни и застрашувачки.

9. Огромно езеро исчезнало преку ноќ

 
 

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Можеби ова ви звучи како невозможно сценарио, но реалноста е дека езерото Риеско во Чиле, целосно исчезнало во 2016 година, и тоа преку ноќ. Тоа било со големина од околу 14 километри квадратни. Водата исчезнала заедно со рибите коишто живееле во неа. Сега, на местото на езерото има пустина. Научниците немаат баш логично објаснување за овој природен феномен, но тие се сомневаат дека тој се должи на геолошките промени.

  
 

8. Наелектризирано поле од удар на гром

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Овој феномен многу ги заплашувал древните луѓе. Местото во коешто ќе удри громот понекогаш останува електрифицирано и може да повреди, па дури и да убие човек. Во минатото, ваквите места се сметале за многу опасни, но модерната наука објаснува дека опасниот електрицитет исчезнува за неколку минути. Како и да е, ова не значи дека треба да го ризикувате вашиот живот и да ги игнорирате безбедносните мерки на претпазливост.

7. Дожд од риби и други суштества

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Ова е екстремно редок природен феномен којшто отсекогаш ги заплашувал луѓето – дожд од животни! Тоа можат да бидат риби, пајаци и жаби. Научниците долги години не веруваа во постоењето на оваа аномалија и бидејќи се случува премногу ретко, никој ја нема детално истражено. Некои луѓе дури веруваат дека ова е само дел од фантазијата на луѓето, коишто тврдат дека некои ретки видови риби „изврнале“ на копното.

Првиот човек којшто сериозно започнал да ја проучува оваа мистерија, бил Андре-Мари Ампер. Тој имплицира дека ненајдените налети на бесни ветришта можат да ги поткренат животните и возможно е тие да изврнат на земјата, откако ќе се повлече ветрот. Подоцна, други научници ја надополниле оваа теорија велејќи дека не е само ветер во прашање, туку торнадо во вода. Оваа теорија веројатно го објаснува фактот зошто некои од животните биле смрзнати, односно дека торнадото ги подигнало на огромна висина во небото. Како и да е, сè уште не се направени доволно истражувања коишто детално ќе го објаснат овој феномен.

6. Замрзнати животни

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

На оваа тажна фотографија гледаме лисица којашто се удавила под мраз. Некој ја пронашол и ја ставила на ледената површина, за да ги информира луѓето за оваа опасност. За жал, ваквите случаи не се воопшто ретки. И покрај тоа што животните знаат на кои места мразот е опасно тенок, понекогаш гладот и други фактори (на пример глутница волци) ги принудуваат да претрчаат по површината и на тој начин, да паднат и да се удават.

5. Течение на лава коешто личи на трупови што се лизгаат кон пеколот

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Оваа фотографија била направена во вулканското подрачје Западна Камокуна, на Хаваи. Личи како да е влез кон пеколот, во којшто паѓаат грешните души. Не постои научно објаснување зошто сличноста е толку голема, но можеби и не треба да има. Едноставно, така се случило.

4. „Зоната на тишината“ во Мексико

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Оваа природна аномалија поттикнува многу теории на заговор и приказни со вонземјани. Зоната на тишината е пустина во Мексико, во којашто нема радио сигнал и честопати уредите не работат овде. Во 70-тите години на минатиот век, една истражувачка станица којашто била лоцирана таму пронашла некои необични работи коишто го привлекле вниманието на научниците. Откриена била магнетна аномалија, којашто може да е причината зошто некои уреди не работат во оваа област. Исто така, било забележано дека зрачењето од УВ-зраците е за 30% повисоко од нормалното. Научниците веруваат дека овој природен феномен е реален.

3. Карпи премачкани со пустинска глазура

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Многу карпи во пустините се покриени со чудна материја позната под името „пустинска глазура“. Она што е интересно во врска со оваа појава, е тоа што древните народи гравирале слики на ваквите карпи, коишто можат да се видат и до ден денес. И покрај тоа што научниците откриле од што била сочинета глазурата – глина, железо, микроорганизми и манган, се уште не е познато што го создава овој слој на карпата. Воедно, се претпоставува дека глазурата ја формираат самите микроорганизми коишто се наоѓаат на карпата, со цел да се заштитат себеси, но сепак и ова е само теорија.

2. Песочната дина на планината Болди

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Многу опасна, природна аномалија е пронајдена на планината Болди, во Калифорнија. Оваа планина е во суштина песочна дина, којашто често е опишувана како „жива и движечка“, бидејќи се поместува по околу 1 метар годишно. Она што е навистина опасно во врска со оваа планина, се мистериозните дупки коишто се појавуваат на дините.

Тие за првпат биле забележани од страна на еден млад турист, односно 6-годишно момче коешто паднало внатре во дупката. За среќа, спасувачки тим веднаш дошол на теренот и момчето било пронајдено и спасено. После оваа незгода, научниците почнале да го истражуваат потеклото на овие мистични дупки, но не можеле да откријат од што се појавуваат. Претпоставуваат дека станува збор за некој нов геолошки феномен.

1. Ледено цунами

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Овој уникатен и застрашувачки природен феномен, се појавува само во услови на прецизна брзина на движење на ветерот и точна температура. Мразот понекогаш ги напушта езерата и доаѓа кон копното, во облик на ледено цунами. Секако, тоа е побавно од водата, но сепак може да се движи прилично брзо и е тешко да се сопре. Луѓето коишто имаат доживеано ледено цунами, велат дека звукот е сличен како тој на дождот, но самиот звук не е страшниот дел, туку пустошот којшто може да го остави зад себе. Истражувањата за овој феномен, се сè уште во тек.

Бонус природна аномалија

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Неодамна, чудна линија се појави на „Google Earth“ којашто се протега од едниот до другиот пол на Земјата. Потоа, корисници на Интернет започнаа да споделуваат фотографии од слични линии коишто ги забележале на небото. Што мислите дека би можела да биде причината за појавата на овој феномен?

(61)

loading...

Вашиот коментар