Ferrari најави нов супер автомобил!

Италијанскиот производител на егзотични автомобили на својот официјален сајт, во делот кој вообичаено е резервиран за сопствениците на најмалку еден модел со логото на Ferrari, објави тизер фотографија од својот нов модел со кодно име Ferrari F176.

Сама по себе, тизер фотографијата не открива многу информации, освен фактот дека новиот модел ќе биде официјално лансиран на 17 септември под мотото Icona Ferrari.

 
 

Сепак, има и некои извештаи кои укажуваат на тоа дека можеби станува збор за суперавтомобил во ограничена серија базиран на моделот Ferrari 812 Superfast. Во извештајот се вели дека новиот автомобил ќе се вика Ferrari 812 Monza, како и тоа дека ќе има различен надворешен и внатрешен дизајн. Ќе биде подобрена и механиката, со цел да се нагласи фактот дека ова е автомобил кој ќе биде произведен во ограничена серија. Оваа информација сé уште не е официјално потврдена.

И покрај фактот дека до премиерата останува уште малку повеќе од еден месец, никој надвор од Ferrari не знае дали овој модел ќе биде побрз од моделот 812 Superfast.

  
 

Наследникот на моделот F12 Berlinetta поседува атмосферски V12 агрегат со работен волумен од 6,5 литри поврзан со 7-брзински менувач со двојна спојка. Оваа единица развива 789 коњски сили (588 kW) и 718 Nm вртежен момент кои се испраќаат на задните тркала. Благодарение на тоа, 812 Superfast од 0 до 100 km/h забрзува за само 2,9 секунди и достигнува максимална брзина од 340 km/h.

(10)

loading...

Вашиот коментар