Google ве следи, дури и ако ја исклучите опцијата за лоцирање

Веројатно си мислевте дека Google престанува да ве следи кога ќе ја исклучите опцијата Location History, но вистината е дека Google не игра фер. Напротив, вашата локација се ажурира од минута во минута.

Google не само што ве следи, туку и собира податоци за сите места кои сте ги посетиле во текот на денот, па дури и ја зачувува вашата домашна адреса.

 
 

Associated Press пишува дека Google ја открива вашата локација преку апликации како Google Maps, но и секојпат кога ќе добиете апдејт на температурата или ќе пребарате нешто на интернет. Тоа значи дека секоја апликација која може да биде искористена за да се открие вашата локација – ќе биде искористена. Со исклучувањето на Location History само го стопирате движењето на вашиот Google Timeline, опција која визуелно го прикажува вашето движење и локациите каде сте биле.

Има начин да му оневозможите на Google да ве следи, преку исклучување на опцијата Web and App Activity од вашиот телефон, која е автоматски вклучена од моментот кога е произведен телефонот.

  
 

Во спротивно, доколку оваа опција е вклучена, Google ќе собира податоци за вашето движење надополнети со времето кога сте ја посетиле секоја локација. Тие податоци можете рачно да ги избришете ако отидете на myactivity.google.com и кликнете на географски обележаните одредници.

(20)

loading...

Вашиот коментар