“Road Trip”: Апликација со која ја запознавате историјата на градовите низ кои проаѓате

Доколку често патувате и користите навигација, а притоа сакате да дознаете што повеќе информации за местата и градовите низ кои поминувате, апликацијата наречена “Road Trip” ќе ви биде од голема помош.

Техно експертот Малте Убл креирал апликација која ја открива локацијата на корисникот и пронаоѓа релевантни информации на Википедија за тоа место. “Road Trip” потоа на глас ги чита тие информации, како паметен туристички водич кој знае се за историјата на градот и ви зборува додека се возите или пешачите.

 
 

За оние љубопитните, апликацијата нуди можност за читање и на други интересни информации за околните места. “Road Trip” може да работи на Google Chrome, Firefox и други прелистувачи кои поддржуваат GPS и синтеза на говорот.

“Првобитно ја развив оваа апликација за себе, бидејќи често возев низ разни места и отсекогаш сум посакувал да научам нешто повеќе за нив додека седам зад воланот и немам ништо попаметно за правење”, изјавил Убл за “The Verge”.

  
 

Меѓутоа, неговата идеја заинтересирала голем број девелопери, а најпосле и луѓе кои сакаат да ја користат, посебно во текот на долгите патувања.

(8)

loading...

Вашиот коментар