Tинејџер го хакнал “Apple” и украл 90 GB податоци: “Отсекогаш сум сонувал да работам во компанијата”

Како што пишува “The Age”, 16-годишниот Австралијанец во повеќе наврати во текот на годината влегол во системите на “Apple” од кои украл 90 GB доверливи фајлови. Украдените фајлови ги чувал во фолдер под наслов “hack hack hack”.

Иако “Apple” тврди дека податоците на корисниците не се загрозени, “The Age” известува дека тинејџерот сепак пристапил до корисничките налози.

 
 

“Ние во “Apple” ги штитиме нашите мрежи и имаме наменски тимови за информатичка сигурност кои работат на откривање и одговор на заканите. Во овој случај, нашите екипи ја открија заканата и го пријавија случајот кај властите. Сметаме дека податоците на клиентите се наша најголема одговорност и сакаме да се осигураме дека тие во ниту еден момент нема да бидат загрозени”, пишува во соопштението од компанијата.

Според изјавите кои биле дадени пред судот, компанијата го контактирала Федералното истражно биро, а случајот потоа бил преземен од страна на австралиската федерална полиција (AFP).

  
 

Во текот на претресот на неговиот дом, бил пронајдени и запленети два лаптопи со сериски броеви кои одговарале на сериските броеви на уредите oд кои било пристапено до системите на “Apple”, а полицијата исто така запленила мобилен телефон и еден хард диск.

Како што пишува весникот, тинејџерот се фалел со она што го направил преку “WhatsApp” пораки. Тој велел дека ја хакнал компанијата бидејќи е нејзин голем обожавател и сонува да работи во неа.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 20-ти септември.

(21)

loading...

Вашиот коментар