YouTube отстрани реклама за хорор филм по поплаки дека луѓето се плашат

Хоророт „The Nun“ за многумина е најстрашен филм за 2018 година, а со оглед на тоа што се ближи премиерното прикажување засилена е и промоцијата на YouTube. Објавен е видеоклип кој трае 5 секунди, но е доволно морничав за да предизвика страв во коски.

По многубројните реакции на социјалните мрежи за морничавите звуци од рекламата YouTube го отстрани спорното видео. Еден корисник на Twitter објави предупредување за рекламата на YouTube, дека ваква реклама со знак за намалување на волумен и ништо друго е „Jump scare“ за новиот хорор „The Nun“. Тој порачува да го тргнете погледот и намалите звукот, ако имате анксиозност или лесно се плашите. „Споделете за да спасиме животи“, стои во неговото предупредување, споделено над 100.000 пати.

Ако во иднина не сакате да гледате вакви морничави реклами на YouTube едноставно оневозможете ја катеогријата Хорор во поставките.

(98)

Вашиот коментар