| 14.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Facebook, наводно, планира да лансира своја криптовалута, пишува The VergeЗасега не се познати деталите, но од компанијата истакнаа дека се фокусирани на користење криптовалути за оленсување на плаќањето на платформата. Тоа би била драматична промена со оглед на тоа дека Facebook има огромна корисничка база и е голем пазар за купување и продавање.

Од компанијата велат и дека истражуваат други начини за исплата на токенизираната дигитална валута и на блокчеин технологијата на платформата. Наводно, работата на криптовалутата ја предводи Дејвид Маркус, кој претходно неделава беше најавено дека ќе биде поставен на чело на новиот оддел за блокчеин технологијата на Facebook за да истражува кој е најдобриот начин да се интегрира блокчеин технологијата во Facebook.

Во изјава за The Verge од Facebook соопштија: „Како и многу други компании, Facebook истражува начини за искористување на блокчеин технологијата. Новиот мал тим ќе истражува многу различни примени. Засега немаме други информации за споделување“.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени