| 10.01.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Фејсбук со години од своите корисници барал број на мобилен телфон за да може да примаат пораки, но и да дојдат до својот Фејсбук  профил во случај да ја заборават лозинката.

Тоа горе-долу, функционираше без проблеми. Се додека не е откриена грешка во едена алатка за огласување на социјалната мрежа, која може да го открие бројот на телефонот на корисникот кој ќе посети одредени интернет страници.

Меѓународниот тим експерти од САД, Франција и Германија го откриле проблемот уште во мај 2017 година, а Фејсбук  грешката ја признал во декември и им исплатил 5.000 долари од својата програма за откривање грешки во системот.

 
 

Фактот дека огласувачите можеле да дојдат до броеви на телефони од корисниците не само што е големо безбедносно прашање, туку претставува директно кршење на политиката на Фејсбук  за корисњето на податоците.

Од компанијата уверуваат дека никој не ја искористил грешкат,а но останува прашањето зошто им требало толку долго време да ја признаат грешката и отстранат пропустот.

Инаку, во текот на минатата година Фејсбук исплати скоро милион долари во награди за откриено безбедносни пропусти, штос амо пос ебе зборува колку таа социјална мрежа е полна со безбедносни пропусти и грешки.

  
 

Експертите за безбедност се убедени дека има и други грешки и пропусти, особено во програмат ана Фејсбук наменета за огласувачите, само е прашање на време кога ќе се случи некој поголем пропуст кој потнецијално би можел да ги загрози податоците и идентитетите на милион корисници.

Прашање е само дали овој пропуст први ќе го откријат истражувачите или хакерите.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени