| 09.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Замислете си како некој културен лопов ви звони на врата. Добар ден. Добар ден. Јас сум лопов. Ако може сето злато, пари, девизи, и предмети од вредност да ми ги дадете, да не дојде некоја будала лопов подоцна и да ти ја скрши оваа убава врата и пак да ти ги земе сите тие работи. Има смисла си велиш. Ама дали ќе му го дадеш тоа што го бара?

Компанијата верува дека најдобар начин за борба против уценувањето со компромитирачки слики може да биде ако тие интимни слики од вас си ги пуштите на интернет пред во тоа да успее некој друг. Логиката позади овој потег ни е јасна, не ни е јасно само колку е изводлива. Ајде сите да си ги сликнеме колената и да ги преоптеретиме!

Социјалната мрежа има развиено систем за превенција од уценувачко порно такаречи, што користи вештачка интелигенција за препознавање и блокирање на специфични слики и видеа, а моментално го тестира во Велика Британија, САД, Канада и Австралија.

 
 

“Безбедноста и благосостојбата на заедницата на Фејсбук е наш главен приоритет”, рече Антигон Дејвис, шеф за општа безбедност на Фејсбук и главен воајер од неодамна…

“Како дел од нашите континуирани напори за подобро откривање и отстранување на содржини што ги прекршуваат нашите стандарди во заедницата, ние ја користиме технологијата за препознавање на слики за да спречиме да се споделуваат неконсензуалните интимни слики на Facebook, Instagram, Фејсбук Групите и Messenger.”

Фејсбук ќе креира дигитален отпечаток од вашата слика со голотии што ќе ја означувате преку Messenger и автоматски ќе го блокира секој кој ќе се обиде да ја прикачи истата слика на некој од нивните сервиси подоцна.

 
 

Компанијата вели дека нема да ги складира сликите и дека само вештачката интелигенција на Фејсбук треба да има пристап, но системот сè уште бара огромна доверба од корисниците.

Инаку, пред да ги зипувате гигабајтите од домашни интими, топло ви препорачуваме да заклучите дека системот ќе ве “заштити“ само од уценувачко порно на Фејсбук. Бившите сепак би можеле да ги објавуваат вашите слики на друго место…

(293)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени