| 12.10.2017. ПО ДОМА

На денот на антифашистичката борба, замолчениот борец за слободна и демократска Македонија, Ѓорѓи Иванов, Фикусот, реши да проговори за соживотот и почитување на различностите, демек, тоа е процес што трае, и таман стигнавме до некаде, кога со промените почна да се руши процесот на меѓуетничките односи.

Приказни во кои само тој верува. Сериозно мисли дека изјавата „На овој тежок пат, тие се водеа од три вредности – слободата, правдата и човечноста, кои ги вградија во темелите на македонската држава. Нашите славни предци во наследство ни ја оставија скапо платената слобода и државност на Република Македонија. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и да ја унапредуваме, за да им ја предадеме на нашите потомци“, мислејќи на партизаните од НОБ и мислејќи на сите нас, наследниците, па ќе нè утеши дека претходните години, на 11 октомври, сме живееле во слобода, мир и просперитет.

А за човечноста? Сериозно претседателе? Вие се најдовте повикан да чествувате во име на правдата и човекољубието? Човекот што два мандати ги истера во својство на послушник и марионета на режимот.

 
 

Човек кој служи за некој да го пополни претседателското место и да служи за украс на државните ни празници.

Човек на кој државата му се наоѓаше во длабока политичка криза, од која малку се четири години да се оправи, а тој седеше и седи на задна клупа, како резерва или тринаесетто прасе.

„Да вложуваме во довербата и во почитта што го држат нашето општество сплотено“, излитена фраза од која очекува морници да нè полазат?

  
 

Сега допрва?

По аболиција на криминалци, по обид за предизвикување, наместо спречување граѓански конфликт, по оправдување на кумановската криза, по нападот на меѓународната заедница, по стриктно партиски говори, наместо државнички…

Подобро да молчеше. И така доцна ќе ни текнеше, ако ни текнеше, дека имаме претседател што треба да ни се обрати.

 
loading...
 

Посебно не за да нѐ потсети дека еден од главните осомничени за поддршка на диктатурата и на длабоките поделби, сѐ уште се нарекува претседател на Република Македонија.

Антифашистичката борба е лекција што очигледно на Иванов никогаш нема да му влезе во глава.

Фикусот требаше да си остане фикус и мудро да си молчеше.

Билјана Јордановска – civilmedia.mk

(737)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени