| 09.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Популарната симулација на фудбалски менаџер – Football Manager 2018, која ќе излезе во продажба од денес (10 ноември), од оваа година ќе има вклучено фудбалери кои се декларираат како гејови. Е сега, ќе речете каква врска има тоа со фудбалот? Токму така, и ние помисливме исто – ич нема, ама девелоперите на оваа популарна заразна игра сметаат дека ги кршат табуата и ќе ги охрабрат професионалните фудбалери да се декларираат како гејови, ако се гејови…

Оваа вест донесе помешани реакции кај фановите, каде некои ги фалат Sports Interactive за оваа нивна одлука, а некои сметаат дека е сосема непотребен потег и ги критикуваат за оваа негативна одлука.

Сепак, има финта, а тоа е што никој од реалните професионални фудбалери нема да биде деклариран како геј. Сите гејови што ќе ви се појават во играта ќе бидат од новата генерација на играчи, познати како “newgens” или “regens”, генерирани од самата игра како подмалдоци на екипите за да може да се тера со играта со години.

 
 

Како што објасни директорот на ФМ, Мајлс Јакобсон, девелоперите може да го прават ова со новите играчи, а не со постоечките, бидејќи новите играчи неможат да им стегнат тужба. А како дел од донесената одлука за овој потег ја стави причината дека сигурно постојат геј фудбалери.

“Знаеме дека од големиот број на професионални фудбалери, мора да постојат некои кои се геј, но не се чуствуваат комфорно јавно да го признаат тоа. Мислам дека тоа е чудно во денешно време и е проблем во фудбалот, па решивме да го адресираме прашањето и да покажеме дека јавното признавање дека сте геј и не е некоја голема работа и дека може да биде и позитивна работа“.

Ако ви се потрефи некој геј во младинските категории ќе дознаете преку “news” опцијата. Како бонус на ова, можен е и зголемен прилив на средства, како резултат за зголемениот интерес на ЛГБТ заедницата за твојот клуб.

 
 

Почнуваме од денес…

(40)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени