| 10.05.2018. ПО СВЕТОТ

Грција дозволи геј парови да чуваат деца. Парламентот денеска го изгласа Законот со кој на геј двојките им се дозволува да чуваат и згрижуваат деца, но не и да ги посвојат.

Законот и покрај противењето на десницата беше изгласан со 161 глас ’за‘ и 103 ’против‘, а од 300 пратеници во салата присуствуваа 264. За Законот гласаа владејачката СИРИЗА и левичарската опозиција.

„Ова е мал чекор од страна на Владата, која вети многу повеќе“, вели Григорис Валијанатос, ветеран на хомосексуалната кауза во Грција потсетувајќи дека премиерот Алексис Ципрас како опозиционер ветил дека ќе предложи законски чекори за решавање на хомосексуалните бракови и посвојувањето на деца од геј парови.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени