| 04.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Европските пратеници на пленарна седница во ЕП ќе разговараат за неодамнешните сознанија за контроверзната студија за дизел-тестови врз мајмуни, спроведени од страна на германските производители на автомобили, известува ЕУ Опсервер.

Претходно, американските медиуми објавија дека мајмуните биле принудени да дишат гас од дизел-мотори. Тестовите ги вршеле научници во име на сега веќе распуштената Европска истражувачка група за животна средина и здравје во секторот за сообраќај (EUGT), која ја финансирале Volkswagen, BMW и Daimler. Целта била да се набљудува и да се забележи ефектот на загадување и емисијата од дизел-моторите, со користење современа технологија за прочистување на издувните гасови.

За време на пленарната седница во Европскиот парламент во Стразбур ќе присуствуваат и претставници на Европската комисија.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени