| 13.11.2017. ПО СВЕТОТ

Да се рече дека нешто е бизарно ако доаѓа од Јапонија е несериозно. Иако, следниов случај е дефиниција за бизарност. Една жена во јапонско село кое полека умира ги заменува своите мртви жители со кукли.

35-те жители кои сега живеат во Нагоро, јужна Јапонија, сега се надбројани три спрема еден од кулките на Цукими Ајано, која има хоби да ги заменува соседите што умреле или се отселиле. Тоа е ексцентричен одговор на севкупниот проблем. Повеќе од 10.000 градови и села во Јапонија се депопулирани, а домовите и инфраструктурата се распаѓаат како селаните се преселуваат во поголемите центри.

 
 

“Тие враќаат сеќавања”

Куклените патници чекаат на автобуска станица

  
 

Со 65 години, г-ѓа Цукими е една од помладите жители на Нагоро, мало село сместено во суровиот планински предел на внатрешноста на јужниот остров Сикоку. Таа се врати од Осака по децении поминати таму за да се грижи за својот 85-годишен татко.

“Тие враќаат сеќавања”, вели г-ѓа Цукими за куклите со природна големина на луѓе кои ги запоседнале сите агли на нејзината куќа, сместени на огради и дрвја, на автобуската станица – насекаде каде што реален човек би застанал. “Таа стара дама доаѓаше да разговара и да пие чај. Овој стар човек сакаше да пие саке и да раскажува приказни. Тоа ме потсетува на старите времиња, кога сѐ уште беа живи и добри”, вели таа.

 
loading...
 

Нагоро е типичен за илјадниците заедници кои се претвораат во мали градови духовни или во најдобар случај, музеи под отворено небо, замрзнати во времето – тренд евидентен дури и во Токио каде речиси има целосно празни села во предградијата на градот. Градот на едно место е претежно напуштен, а продавниците и домовите постојано затворени.

Без да останат младите и да растат децата тука, локалното основно училиште се затворило пред две години. Сега г-ѓа Цукими понекогаш ги води посетителите преку средените училници населени со куклени ученици и наставници.

Додека Јапонија растеше многу побогато по Втората светска војна, помладите Јапонци ги напуштија селата, населувајќи се во градовите за да работат во фабриките и услужните индустрии, оставајќи ги своите родители да обработуваат мали фарми.

Околината на Токио, со повеќе од 37 милиони луѓе, и Осака-Кобе, со 11,5 милиони луѓе, сочинуваат речиси 40 отсто од 127 милиони луѓе во земјата, а уште 10 милиони луѓе се расфрлани во неколку провинциски главни градови. Во меѓувреме, намалувањето на стапката на наталитет значи дека има премалку луѓе за да ги населат руралните области, како што стареењето на населението се зголемива, се намалуваат обработливите полиња.

Јапонското население почна да опаѓа во 2010 година кога беше на врвот од 128 милиони. Без драстично зголемување на наталитетот или олабавување на стабилниот јапонски отпор кон имиграцијата, се предвидува да падне на негде околу 108 милиони до 2050 година и до 87 милиони до 2060 година. Дотогаш, четири од 10 јапонци ќе бидат постари од 65 години.

(71)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени