Имам ја повише причини зошто да не а сакам ваа држава. Мада не е она крива. Ништо лично државо, криви се тиа шо цели 26 години те водат у грешка правец. Преживеав транзиција, преживеав режим. Че преживеам и уште еден ако треба. Повќето од причините се лични. И ме засегале мене и речиси цела моја фамилија.

Почнуам да го пишам воа и се осеќам така побркан. 100 работи ми се мотат по главата за шо усвари би пишувал и зошто баш сега… денеска. Избори се ближеа и дојдоа. И бев да гласам. И ка се враќав со мама потегнаме некоа тема. Домаќа, а може и не. И така си лафиме и сфаќаме дека последните две-три нас никој не ни се јавуе кога да гласаме. За кој да гласаме. Ка че размислам ваа година и ка се делеше промотивен материјал од двете најголеми зла се случи сам да сум дома.

И ѕвонат они, отварам ја. 99% сум сигурен дека му се стемни ка видоа на кој му подават пропаганда. Лафам тука за двете страни. И една друга работа а знам не од чуено, туку од кажано од личности на кои му верувам на некој начин сме блиски. И тоа нема врска со партиска припадност. Ја човецте никоаш не сум ги делел така. И покрај тоа шо на социјални мрежи пишам доста ја немам многу пријатели ниту следбеници. Кажаното беше од повеќемина да се припазам оти ме читале. На секој од тиа “свиркала” му реков дека баш заради тоа и пишувам. Или со мои зборови ме заболе ако ме читат и шо мислат!

 
 

Уф излезе уводот голем. Да пробам да се вратам на темата. Нашата фамилија никогаш, значи некогаш не зависела од некоа партија или човек. Ниту па некој човек од тиа на позиција некоаш посегнал да помогне на некој начин. Ниту па сме побарале помош на таа линија. Мојте се вредни работници. Беше и тато додека не не напушти. Мојте родители имат една болест шо се вика чесност. Ретка е у воа време. Ма ретка била од ка памтам.

Еве ви некој пример. Мама работеше у Таска на времето. Почна ка сечач на локум. Кој знае и видел шо е тоа треба да знае дека е доста тешка и напорна работа. Само ножот со кој се сече локумот е некаде десетина кила. После тоа беше некако унапредена да работе како магационер. После тоа ка почна Таска да отвара и колонијали а преместија у еден од нив. Таму додека работеше по нечија грешка у транспорт или било како на попис шо сами го правеа со колешката испаѓат ногу роба вишок. Да речиме дека со тиа пари си можел да си купиш у тоа време двособен стан. Они го пријавуат тоа и биват казнати со некој процент од платата на не знам колку време. Чесноста тука никогаш не се ценела!

Друг пример. Тато додека работеше у Хотел Балкан исто смени доста позиции. Една од нив беше шеф на ресторанот шо е на бензинската пумпа кај Дреново. Таму у купатилото има начекано куфер со купишта пари. Околу 200-300,000 марки и некоа количина злато. Истиот го пријавуе у полиција. По закон му следуват 15%. У тоа време и у полицијата му рекле дека слободно може да ги земе тиа 15%, он одбил. Дошол човекот, само се заблагодарил дури мислам дека ни сок не го почастил. Имаше и други случаи ама да не ви ги броам сеа сите, јасна ви е поентата.

 
 

Чесноста тука никогаш не се ценела! Ни не сакаме ништо туѓо. Се шо имаме дома сме го заработиле со сопствена работа и пот. Не со молење и лижење газови. А ве знам сите лижачи. Си ќутам ама ве знам. И сеа че ми се јаве мене некој за да ми каже кога и за кого да гласам? Ебите се. На грешка дрво лаите. Ниту че ме заќуте некој, ниту има со шо да ме уцене.

Да продолжам. Мојта мајка е родена у Македонија. Со извод од СР Македонија. Место на раѓање Росоман, Општина Кавадарци. Ка се смени некоа власт, не ме фаќајте за збор не памтам точно кои беа, а натераа да плате 50 евра за да добие македонско државјанство затоа шо нејзините родители биле од Србија. Пичка ви матер.

Да продолжам. Мојот татко работеше у Хотел Балкан. Пропадна Балкан. На тиа шо се снајдоа му беа исплаќани некои пари за акциите кои ги поседуват. Него не. Нас немаше кој да ни помогне. И така на човекот едно по едно му се собра се и не издржа срце јуначко. После тоа дојдоа и други глупости. Не остварил право на пензија па немаше никаков попуст ни на гробно место од страна на пензискиот фонд. Исто како никоаш да не работел и придонесувал за ваа држава. Ок. Си го купиме и тоа. Немаше никаква поволност ни од црквата. Ок си го платиме и тоа.

 
loading...
 

И да не разлагам оти че одам до недоглед. Воа смрдено општество и ваа глупа држава не заслужуат луѓе шо се чесни, оти систематски ги уништува путем бирократија. И сеа ми е јасно зошто више никој не ни се јавуе. Не! Не се срамат. Туку виделе дека усвари постоат луѓе шо одат со крената глава. Цела моја фамилија оде со крената глава. Не се срамиме од ништо. Не му борчиме на никој. На никој не треба да му се правдаме. За никој не сме уценети да гласаме. На никој не треба да му го лижиме газот. Со никој не треба да се сликаме после избори.

Работа сме си наоѓале сами без помош од некој. За разлика еве да ви кажам дека животот кај нас одамна е дојден. Ни одамна живејме у новата ера. И еве една порака до непознато другарче. Боро че биде тука да критикува. Боро може со крената глава да ви рече на сите да одјебите!

Борче Стаменов – borcetoblog.wordpress.com

(278)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени