Свет:
– Пронајден универзален лек за сите болести, сиромаштија нема, луѓето живеат во хармонија.
– Леонардо ди Каприо го добива третиот Оскар!
– Ким Кардашијан го раѓа шестото дете. Крстено е Југ на запад од север па на исток.
– Ким Јонг Ун и Трамп видени на Сејшелите.
Македонија:
– На Заев не може да му се верува!
– Никола денеска со својот конвој ќе одржи митинзи во секој град во Македонија, каде шо ќе објави вработувања за 150.000 работни места на кои можат да конкурираат и последните 100 граѓани останати да животарат овде.
– Македонија увезува граѓани од Тунгузија.
– Заев со нова бомба #599478 уште драпа мадиња!
– Група архитекти го пронајдоа гробот на Александар Македонски на Плутон!
– Клонот на Нимиц со нов предлог за името.
– Латас чита временска прогноза на А1!
– Дупките у Кавадарци уште се потполнуваат со “воден талог”.
– Карадај, Румелија, Белото памукче и Малиот Ага се обновени со нови сезони!
– Сензација! Шабан Шаулич, Митар Мирич, Шемса Суљакович и Тозовац со целовечерни концерти на стадионот Амди Бајрам у Свирипичино!
– Миле го доби 1750 син пошто на сите им ја еба мамицата.
– Граѓани на Пустец на референдум за припојување кон Македонија!
– Кавадарци го доби својот 16-ти кружен тек!
– Во Скопје официјално пресечено последното дрво!
– Македонија набавува ленти за сечење во вредност од миЉарда евра!
– Бранко се активира, бара предвремени избори и губи за 2 гласа!
– Вро уште се реформира.
– Просечната плата во Македонија достигна рекорно ниво на покачување и сега изнесува 12,001 денар.
– Официјален јазик во Македонија станува Клингонскиот.
– Боро конечно а издава првата книга Поглед во недоглед. Конечно има пари да се преселе на Марс. Само што стигнал прелетала Нибиру. Он уживал у погледот додека со Господ грицкал сончоглед шо сам го одгледувал таму.

Борче Стаменов

(114)

 
 
Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.
05.12.2017. The Chef
04.12.2017. Ливадџија
06.12.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени