| 19.10.2017. ПО СВЕТОТ

До планината Кораб која е во состав на националниот парк Маврово (315 KB) се стигнува по западната магистрала Гостивар – Дебар. Некаде околу 8 км од Маврови Анови спрема Дебар во близината на мотелот Трница или поточно кај состав Река – Мавровска река се влева во Радика, се врти десно спрема селото Ничпур и месноста Стрезимир.

Од оваа раскрсница односно состав Река, се оди по макадамски пат (редовно се одржува) околу 15 километри и се стигнува до полициската станица, од неа се продолжува по истиот макадамски пат кој води покрај реката Радика уште 4 км. Потоа се свртува лево спрема караулата Стрезимир која е оддалечена од кривината 1,5 км. Бидејќи овој врв се наоѓа на самата македонско-албанска граница, потребна е погранична дозвола која се вади во местото на живеење. Откога ќе завршат сите формалности, може да се започне со искачувањето на Голем Кораб (2754 мнв), потребни се 4-5 часа. Делумно патеката е маркирана. Маркацијата за трансверзалата Планини на Македонија – ПМ започнува од раскрсницата пред караулата (1,5 км) кај реката Радика. Во изминатите две години рутата е делумно изменета (мапа) и во вториот дел од патеката се оди преку гребенот и потоа преку врвот „Кепи бард“, а не преку „Кобилино поле“. Новата патека е потешка (потребно е околу 1 час повеќе за да се искачите на врвот), но погледот од гребенот е незаборавен.

Од почеток патеката стартува од караулата „Победа“, за околу 1 час се стигнува до Нистровото бачило. Потоа се оди по голема стрмнина прекриена со треба се додека не се стигне до гребенот и потоа се искачувате на котата „Кепи бард“ (2589 мнв). Еден дел од гребенот може да биде лизгав, има доста мали каменчиња и треба максимална внимателност за да се мине безбедно. Потоа следува спуштање до седлото каде има и мал извор блиску до патеката. Од тука може да се види врвот. Потоа следува последното искачување на самиот врв „Голем Кораб“. На оваа планина не постои планинарски дом. Доколку одлучите да поминете 2 дена потребно е со себе да носите шатор и вреќе за спиење. Печатот се наоѓа во караулата Стрезимир.

 
 

Најдобар и најлесен начин да се искачите на „Голем Кораб“ е да се приклучите на традиционалното меѓународно искачување кое се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8-ми Септември Денот на независноста на РМ.

MKDmount

(25)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени