| 10.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Google е свесен за проблемите кои ги имаат корисниците кога е потребно да се двиат низ непознати локации, дури и ако кај себе имаат смартфон. Поради тоа, компанијата во текот на годинашната I/О конференција прикажа унапреден VPS (Visual Positioning System), кој навигацијата ја подобрува со користење на камерата.

Наместо да ја испружите раката со телефонот во неа и да се надевате дека одите во вистинска насока која ви ја покажува сината GPS точка, камерата може да го прегледа вашето опкружување и да го реши проблемот.

Во примерот што го демонстрираше Google, лицето се симнува на метро станица и не знае каде би требало да оди. Потоа само го подигнува телефонот и ја стартува камерата. Сензорот потоа идентификува каде стои корисникот и ја споредува позицијата со базата податоци на Google од Street View фотографиите во тој регион. Кога системот ќе ја пронајде позицијата на корисникот, на екранот ќе се појави стрелка, која на корисникот му покажува дали е потребно да оди лево или десно.

 
 

Google не истакна кога функцијата стигнува на телефоните, иако би можела да биде дел од пошироката интеграција со Google Lens. Google исто така напомена дека се поигрувал со можноста анимираниот лик да го води корисникот низ град, со помош на AR (augmented reality) системот.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени