| 27.10.2017. ПО СВЕТОТ

Откако ги среди рестораните и хотелите во Велика Британија и пола Америка, харизматичниот и брутално искрен шкотланѓанец има ново шоу. Веројатно последно нешто што би ви текнало дека ќе води со таа брутална искреност е документарка за процесот на правење на кокаин, опкружен од “цвеќиња за мирисање“. Ама, најверојатно не им се чатали толку, а и не е квалификуван да дели совети и критики на оваа тема најверојатно. Како и да е, да прејдеме на темата за која кликнавте – Дали вашиот љубопитен ум некогаш се запрашал што оди во кокаинот? Кој процес и “состојки” се користат за да се направи оваа популарна дрога? Кој го прави? Каде? Има толку многу прашања…

Па, сега, благодарение на Гордон Ремзи и неговиот ITV документарец, “Гордон Ремзи за кокаинот“, целиот процес е откриен и е уште пострашен отколку што претходно може сте си помислиле.

 
 

Гордон Ремзи проверува поинаков вид на готвење 🙂

Во документарката Гордон се сретнува со производител на кокаин од колумбиската пустина за да дознаете како се создава оваа дрога. Но, гледачите можеби ќе се шокираат кога ќе дознаат од што се прави кокаин – Гордон сигурно бил шокиран…

“Јас сум готвел некои сериозни срања во мојот живот и сум бил на некои извонредни места, но ништо сосема на ова ниво”, коментира Гордон како го гледа производителот во акција.

  
 

Гордон не може да поверува во она што го гледа

Момчето потоа ги зема исецканите листови од кока во јамата за да ги обработи, тука ги покрива со цемент, да добро чувте со цемент. Потоа се меша во сулфурна киселина, која е измешана со вода. Веќе во овие моменти се гледа дека очите на Гордон почнуваат да солзат. Јасно е дека човекот што го прави целиот процес е многу повеќе навикнат на целата работа, изгледа како сега да зема залет…

 
loading...
 

Веќе во следниот момент батето како да се обидува да види уште колку смртоносни хемикалии може да искористи во овој процес. Го одделува кокаинот од бензинот кој го користеше со помош на киселина на батерии.

Еве еден претходно направен

Потоа останува со “кокаинската вода”, која ја исцрпува и додава сода бикарбона, за да помогне во отстранувањето на хемикалиите.

Ова сè е потоа оставено да се исуши, пред да се готви во дополнителен обид да се отстранат повеќе од хемикалиите. Потоа се пакува и се продава на други луѓе, за кои се знае дека го мешаат со секаков вид на друго срање – од кофеин до талк во прав. Потоа се пакува и се продава на плејбои кои веројатно, до сега, немаа идеја за како се создава.

(231)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени