| 31.01.2018. ПО СВЕТОТ

Бангкок, градот кој во глобални рамки е познат по своите мега-бордели, буквално тоне поради кражба на подземни води од страна на бордели кои истите ги користат за „еротска масажа“.

Полицијата неодамна пронашла докази дека салонот наречен „Викторија Сикрет“ краде подземна води со цел да го избегне плаќањето на сметките за вода од градскиот водовод, пренесува „Сан“.

Официјални претставници од организациите за заштита на животната средина велат дека ваквата практика го загрозува опстанокот на Бангкок, бидејќи градот е изграден на брегот на реката Чао Праја, а под него има голем број подземни теченија.

 
 

Експертите предупредуваат дека градот може да потоне до 2030-та година, претежно поради зголемувањето на нивото на морето и црпењето на вода од тлото на кое се наоѓа, со што ќе се предизвика снижување на земјиштето и намалување на нивото на градот.

Во тек е инспекција на 40 салони за „еротска масажа“ – големи бордели со неколку десетици приватни бањи, во кои клиентите добиваат сексуални услуги.

Полицијата како докази собирала примероци од водата.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени