Некогаш, таква била народната традиција, кога сакаш туѓ човек да донесеш во семејството, ќе му ги анализираш сите претци од најмалку три колена наназад. Дали се вредни и од куќа домаќинска. Апаши ли се или чесни. Стабилни или ветрпиресто лесни. Глупци, трупци, или хумани човекољубци.

Денес ние треба да избереме градоначалници. Апсолутна апатија. Кој дреме, кој спие. Ќе му го дадеш гласот, а не ни сонуваш што ѓавол во таа кожа се крие. Да е лубеница со најниска цена, со кажипрстот ќе се удри. Ќе видиш како ,,звони,,. Ќе се проба. Ние општински татко избираме – бофл роба.

Не бомбардираат со звучни пароли. Зашеметувачки ветувања, па ти се присторува дека токму за тебе и за мене, опојни цветови од рајски градини кинат. А лажат ли лажат, само што ќе зинат.

 
 

Тиради од идилични пејзажи редат. Ќе поверуваш дека Аристотел, Кант, Фихте или Маркс беседат. Со празнозборја ум ти солат. Но раните од тие превртни ајдуци набргу ќе почувствуваш колку силно болат.

Повеќето од тие кандидати се морални беди – партиски сончогледи.

Тие одвратно безбожни створови, до зарипнатост држат огнени говори. Безверници, профанисани арамии, се крстат и во цркви и во џамии. Сеат магли на секој чекор. А ние за нив сме само параден, жален и срамен декор.

  
 

Отворете господо и очи и уши. Не гласајте за сомнителни типови. За пробисвети. Во доблесните и проверените вредности имајте верба цврста. За мангупи и криминалци не дигајте два прста. За такви, меѓу средниот и показалецот, ставете го палецот.

На пазар, до финеси се проверува атот. Дури и дали се на број и здрави неговите заби. Па да простите, градоначалници не може да бидат примитивци, криминалци и бараби!

(280)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Бошко Нацевски
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени